Кој е убиецот, а кој е жртвата? Загатка што можат да ја решат само оние чиј IQ е повисок од 140!

Млад детектив по име Петар добил случај за необично убиство. Случајот вклучувал 5 луѓе кои меѓусебно се познаваат од кои еден од нив бил убиен со пиштол. За жал, документите не содржеле ниту име на жртвата, ниту име на убиецот – само неколку куси забелешки. Петар внимателно ги проучил сите документи и успеал да ги открие имињата, благодарение на неколку важни детали. Сакате да ја тестирате вашата логика? Можете ли и вие да ги пронајдете вистинските траги и да си докажете себеси дека сте добар детектив?

1-ovaa-zagatka-mozhe-da-ja-reshat-samo-onie-lugje-chij-iq-e-140-i-povekje-www.kafepauza.mk_

Забелешки:

  • Една недела пред убиството, убиецот ја скршил ногата.
  • Мартин и Александар се запознале 6 месеци пред убиството.
  • Александар и убиецот се познаваат од детството – израснале куќа до куќа во голем град.

Во продолжение погледнете ги и важните информации што треба да ги знаете за секој од овие 5 луѓе, со чија помош ќе откриете кој бил убиен, а кој бил убиецот…

Андреј

Андреј е аматер тенисер. Еден ден откако се случил злочинот, тој учествувал на турнир и играл против личност која не е поврзана со случајот.

2-ovaa-zagatka-mozhe-da-ja-reshat-samo-onie-lugje-chij-iq-e-140-i-povekje-www.kafepauza.mk_

Филип

Филип се доселил во градот една година пред убиството. Тој се родил и израснал на мал остров, каде што повеќето жители се рибари. Затоа главниот сон во неговиот живот е да поседува рибарски брод.

3-ovaa-zagatka-mozhe-da-ja-reshat-samo-onie-lugje-chij-iq-e-140-i-povekje-www.kafepauza.mk_

Мартин

Мартин работи како модел и навистина се сака себеси. Толку многу што неколку дена пред убиството почнал да му позира на Стефан кој се согласил да направи портрет од целото негово тело.

4-ovaa-zagatka-mozhe-da-ja-reshat-samo-onie-lugje-chij-iq-e-140-i-povekje-www.kafepauza.mk_

Стефан

Стефан е познат сликар на портрети. Вели дека очекува да го заврши портретот на Мартин за една недела.

5-ovaa-zagatka-mozhe-da-ja-reshat-samo-onie-lugje-chij-iq-e-140-i-povekje-www.kafepauza.mk_

Александар

Веднаш откако се случило убиството, Александар отишол на Антарктикот како дел од експедиција која го проучува морскиот живот. Сѐ уште се наоѓа на Јужниот пол, заедно со уште 20 научници.

6-ovaa-zagatka-mozhe-da-ja-reshat-samo-onie-lugje-chij-iq-e-140-i-povekje-www.kafepauza.mk_

Кој бил убиен, а кој бил убиец?

  • Кликнете тука ако сте подготвени да го видите одговорот

    Стефан го убил Филип!

    8-ovaa-zagatka-mozhe-da-ja-reshat-samo-onie-lugje-chij-iq-e-140-i-povekje-www.kafepauza.mk_

    Како детективот дошол до овие заклучоци?

    1. Со оглед на тоа дека Андреј играл тенис денот по убиството, тој не можел да го испука тој фатален куршум. Знаеме дека убиецот ја скршил ногата една недела пред злочинот и не постојат шанси дека може да заздрави толку брзо.

    2. Александар не може да биде виновен, бидејќи тој и убиецот живееле заедно во соседни куќи во детството.

    3. Мартин е невин, бидејќи тој и Александар се запознале само неколку месеци пред злочинот. Како што знаеме, убиецот го познавал Александар од детството.

    4. Затоа, убиството можеле да го направат или Филип или Стефан. Можеме да заклучиме дека Филип е невин, бидејќи израснал на остров и не можел да го познава убиецот од детството кој живеел во голем град. Ни останува само Стефан. А знаеме дека сигурно е жив, бидејќи го довршува портретот на Мартин. Па така, Стефан мора да биде убиецот.

    5. Ни останува да откриеме кој е жртва на злочинот. Детективот Петар знае дека Александар (кој е моментално на Антарктикот), Андреј (кој играл тенис еден ден по убиството) и Мартин (кој позира за Стефан) се дефинитивно живи. Тоа значи дека Стефан го убил Филип.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар