Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?

Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?

Едно истражување објавено во „Дневникот за карактер и индивидуални разлики“ вели дека луѓето кои вообичаено им веруваат на своите инстинкти имаат помала веројатност да направат некои неморални акти. Резултатите исто така покажуваат дека луѓето кои го слушаат својот внатрешен глас или интуиција е поверојатно да останат верни во својата врска и има помала можност да украдат нешто откако ќе размислат за претходните искуства во кои покажале лошо однесување.

Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?

Сара Џ. Вард, дипломиран студент при Универзитетот Мисури во Колумбија, работела заедно со нејзината професорка по психологија, Лаура А. Кинг, за да ги открие сите придобивки и позитивни страни на следењето на интуицијата. Интуицијата е процес во кој се презентира способноста да се осознае и спознае нешто без претходно аналитичко истражување, пополнувајќи ја празнината помеѓу свесните и несвесните делови на мозокот и помеѓу инстинктот и логичкото размислување. Интуицијата е слушањето на вашиот внатрешен глас или верувањето во она претчувство кое ви вели дека нешто е или добра или лоша идеја.

„Некои луѓе веруваат во своите инстинкти кога донесуваат одлуки, додека други помалку се ослонуваат на нив и не им обрнуваат многу внимание на претчувствата дури и ако ги искусуваат. Ние се интересиравме за тоа како индивидуалните разлики во интуицијата влијаат врз моралното однесување“, вели Вард.

Таа направила два експеримента за да одреди дали потпирањето врз интуитивното размислување и процес влијае врз моралното однесување кога луѓето искусуваат внатрешно генерирани, морално важни чувства. Првиот експеримент броел 100 испитаници, меѓу кои 75 жени, кои одговарале на серија прашања за да се одреди дали имаат тенденција да ја следат својата интуиција или не. Потоа биле замолени да замислат дека се однесувале неморално на работното место: Сите прочитале приказна во која се раскажувало дека направиле нешто лошо на работа и за тоа обвиниле некој колега. Испитаниците во контролната група ја прочитале истата приказна, но наместо да обвинат некој друг, тие ја признале грешката и презеле одговорност за неа.

Претходните студии покажале дека луѓето кои направиле нешто неморално и се чувствувале виновно и засрамено, се чувствувале и валкано или заразено. Врз основа на тоа, Вард предвидела дека субјектите кои направиле нешто неморално ќе бидат желни да потрошат пари на производи за чистење на рацете.

„Ако се чувствувате лошо за некоја морална трансгресија, тогаш ќе сакате да се исчистите. Нашето истражување открива дека испитаниците кои ја слушаат својата интуиција купувале повеќе течни сапуни за раце откако прочитале за префрлувањето на вината на колегите“, објаснува Вард.

Во вториот експеримент, испитаниците пишувале за некој момент кога тие се однесувале неморално и потоа им бил даден еден тест за интелигенција кој не можел да се реши. Вард сакала да анализира дали поинтуитивните луѓе помалку би мамеле на нерешливиот тест. На испитаниците им биле дадени 10 прашања и еден лист хартија на кој биле напишани одговорите и им било кажано дека одговорите можат да ги користат откако ќе го завршат тестот за да проверат дали одговориле точно. Потоа им било кажано дека првите 10% од нив ќе добијат ливче за лотарија (мотив за мамење). Резултатите покажале дека дури 23% од испитаниците мамеле на тестот.

„Нашиот втор експеримент покажа дека луѓето кои се ослонуваат на своите инстинкти мамат помалку од другите кога ќе се сетат на некој момент кога се однесувале неморално. Сметаме дека тоа е така бидејќи луѓето сакаат да го компензираат за лошото однесување со тоа што ќе се однесуваат морално во сегашноста и оваа тенденција за компензирање е поизразена кај луѓето кои ја слушаат својата интуиција“, заклучува Вард.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар