Кои се следните чекори во еволуцијата на човекот? - Part 2

Кои се следните чекори во еволуцијата на човекот?

6. Репрограмирање на мозокот

(6)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Технологијата веќе има влијание на нашата меморија. Човечкиот мозок полесно памти каде е сместена некоја информација, отколку самата информација. Сигурно ви се има случено наместо да се обидете да се сетите на некој одговор, да го барате на друго место, без разлика дали во енциклопедија или на Интернет. Со брзиот напредок на технологијата, нашите мозоци ќе се адаптираат за да ја зголемат својата ефикасност, и можеби потребата од памтење информации целосно ќе исчезне.

7. Помали заби

(7)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Најочигледната промена во нашата уста е исчезнувањето на умниците. Знаеме дека немаме потреба од нив, па многу луѓе веќе воопшто ги немаат овие заби. Покрај ова можеме да очекуваме нашите заби да станат помали. Доказите покажуваат дека во последните 100.000 години големината на забите на човекот е преполовена. Со преработката на храната, можеби ќе немаме потреба од големи заби.

8. Помалку прсти на стапалата

(8)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Пред луѓето да почнат да се движат исправено, стапалата биле користени за фаќање, исто како и нашите дланки. Кога качувањето на дрвјата не било веќе потребно, нашите стапала се смалиле до сегашната големина. Бидејќи веќе не одиме боси, малиот прст на стапалата е непотребен. Иако палецот на ногата е потребен за рамнотежа, секој човек може да живее без малиот прст. Поради ова, можеме да очекуваме човекот да стане суштество со 4 прсти на ногата.

9. Поголем/помал череп

(9)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Од една страна, научниците сметаат дека е невозможно черепите на луѓето да станат поголеми. Знаеме дека децата се раѓаат со големи глави, и дека тоа е проблем за мајките. Но, доколку черепот би се зголемил, природниот пораѓај би бил невозможен, па можеби дури и смртоносен за мајката. Сепак, од друга страна пораѓајот со царски рез станува сè почест, а многу веруваат дека тој е и многу побезбеден и за мајката и за детето. Ова може да значи дека децата со мали глави кои ќе се родат по природен пат ќе имаат помали шанси за преживување од оние за кои ќе биде потребна операција. Но, ако луѓето со големи глави ја изгубат способноста за изведување царски рез, тогаш ќе постои ризик од изумирање на видот.

10. Самоподобрување

(10)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Луѓето може да почнат да ја „присилуваат“ еволуцијата со помош на технологијата. Без разлика дали станува за вештачки органи или селекција на гени, ова е сценарио кое речиси сигурно ќе се случи. Ако стане дозволена, селекцијата на гени ќе води до „дизајнирани бебиња“ од кои ќе бидат отстранети сите несакани работи. Ако се прошири овој метод, многу негативни карактеристики на луѓето ќе исчезнат.

Погледнете го и овој интересен тест кој ја потврдува теоријата на еволуцијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар