Кои се најлошите 8 места во вашиот дом за криење на заштедените пари?

Некои луѓе имаат свои причини зошто наместо чување на парите во банка, тие ги кријат во својот дом. Дали и вие сте од оние кои ги криете заштедените пари во вашата куќа? Ако се пронаоѓате, тогаш погледнете ги овие места каде што вашите пари не се воопшто безбедни, па имајте ги на ум за во иднина…

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

1. Во дворот

Закопувањето на парите во дворот дефинитивно не е добра идеја, поради следниве причини:

  • Вашиот сосед може да ве види додека ги криете.
  • Ако вашето милениче сака да копа дупки, тогаш лесно може да ги открие.
  • За време на дожд, постои опасност од нивно уништување.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

2. Под душекот

И покрај тоа што уште од старо време парите се криеле под душекот, не треба да мислите дека таму се најбезбедни само затоа што спиете врз нив. Кога не сте дома, тоа е првото место каде што крадците би провериле.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

3. Во торбите за пазарување

Дури и на крадците да не им текне да проверат во вашите торби за пазарување, тие може да посегнат по нив за да ги понесат предметите што планираат да ги украдат. А, покрај сѐ, сигурно не сакате да им понудите уште едно пријатно изненадување.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

4. Во старите паричници и чанти

Не ставајте ја вашата заштеда во старите паричници и чанти. Дури и да не ги користите повеќе, тие се многу очигледно место за криење.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

5. Во кошевите за нечиста облека

Можеби сметате дека е добра идејата да ги чувате парите во кошевите за нечиста облека, затоа што тоа е место каде што никој не би сакал да чепка. Но, исто како и торбите за пазарување, така и кошевите крадците ги користат за транспорт на украдените предмети.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

6. Позади фотографија во рамка

Уште една класика. Крадците ги гледаат истите филмови како и вие, па нема да се двоумат да ги проверат и вашите „потајни“ места за чување на парите.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

7. Во сефови кои не се заклучени

Без разлика дали е голем или мал, вашиот сеф е речиси бескорисен ако крадците можат да стигнат до него. Препорачливо е да го ставите позади некој предмет кој е тешко да се помрдне, на пример плакар, врата, па дури и под подот.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

8. Во фиоки

Ниту фиоките не се безбедни за да ги криете вашите пари во нив. Најчесто крадците имаат предмети со кои можат да одвртуваат, па затворените места не им претставуваат проблем.

Еве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите пари

Еве неколку предлози што би можеле да направите доколку сепак сакате да ги чувате вашите пари дома:

  • Завиткајте ги во пластична кеса и залепете ги на дното од кујнскиот шанк или на дното од кутијата за играчки на вашето дете (најдобра опција е да создадете лажно дно).
  • Чувајте ги во најдолната фиока од вашиот фрижидер во водоотпорен сад. Сепак, не оставајте да стои некој натпис, како на пример „сладолед“ кој би ги привлекол крадците да го пробаат.
  • Сокријте ги помеѓу копчињата и другите додатоци за шиење. Најверојатно крадците нема да погледнат таму.
  • Во пар стари чевли, облека или пак можеби во стар компјутер кој не работи повеќе. Обидете се да оставите впечаток дека тоа е само едно обично ѓубре во вашиот дом кое сѐ уште не сте го отстраниле.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар