Кои личности најмногу страдаат од несоница?

Кои личности најмногу страдаат од несоница?

Самохраните мајки постојано работат, се грижат за домот и домашните обврски, и најважно од сè, го поминуваат целото свое слободно време со своите најмали. Тие многу ретко имаат момент за себе, но дури и кога ќе успеат да пронајдат малку време да здивнат, многу брзо нешто ќе ги прекине и тие ќе мора да се вратат на своите секојдневни обврски.

Кои личности најмногу страдаат од несоница?

Ова не важи само за оние со новороденчиња, сите мајки и татковци не добиваат доволно сон, но само самохраните мајки се оние кои имаат значителен недостаток на сон. Барем тоа ни го покажува најновото истражување кое било објавено од страна на Центарот за заштита и превенција на болести во Америка.

Студијата ни открива дека самохраните родители, особено жените, имаат многу поголеми шанси да страдаат од несоница, да немаат доволно време за спиење, како и да се будат ненаспани. Истражувачите откриле дека 44% од самохраните мајки (со деца под 18-годишна возраст) не успеваат да го достигнат минимумот од 7-часовен сон во текот на вечерта. Од друга страна пак, 24% од самохраните мајки и 17% од самохраните татковци имале проблем со заспивањето барем 4 пати во текот на неделата. И дури и кога успеваат да заспијат, неверојатни 28% од мајките и 19% од татковците доживувале испрекинат сон. 52% од самохраните мајки кои не успевале да спијат доволно не се чувствувале одморено во текот на целата недела, а со тоа и се изложувале себеси на здравствени проблеми.

Покрај тоа што се чувствувате уморно, недостатокот на сон може да предизвика сериозни несакани последици, како зголемување на вашиот ризик за срцеви болести, дијабетес, депресија, па дури и рана смрт. Исто така, личноста која има недостаток на сон не се загрозува само себеси, туку и оние околу себе преку различните несреќи кои можат да настанат од намаленото внимание на работното место или на улиците.

Ако некој заслужува добар сон, тоа се родителите – особено самохраните мајки!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар