Кои холивудски ѕвезди се сметаат за најлоши љубовници?

Според тоа што го велат нивните бивши партнери, сексот со овие холивудски ѕвезди воопшто не е забавен. Иако милиони жени и мажи воздивнуваат секојпат кога ќе ги здогледаат на малите екрани и сонуваат да поминат барем една ноќ со нив, големи се шансите дека доколку тоа навистина се случи, тие следното утро ќе си заминат дома разочарани. Па, за кои ѕвезди станува збор?

Парис Хилтон

(1) koi-holivudski-dzvezdi-se-smetaat-za-najloshi-ljubovnici-www.kafepauza.mk

Постои домашна секс-снимка што може да ви открие како би ви изгледала една вечер помината со Парис. Но според изјавите на нејзиниот бивш партнер Ник Картер, таа всушност и не сака баш секс. Тој вели:

„Кога треба да дојде до тој чин, таа секогаш се потпираше на дрогата и алкохолот.“

Колин Фарел

(2) koi-holivudski-dzvezdi-se-smetaat-za-najloshi-ljubovnici-www.kafepauza.mk

Овој актер се смета за еден од најголемите холивудски заводници, со оглед на тоа колку брзо менува девојки, но ако им верувате на неговите бивши партнерки, тој не може да се пофали со умешност во креветот. Една од нив изјавила:

„Колин во кревет е возбудлив како Мики Маус.“

Кети Пери

(3) koi-holivudski-dzvezdi-se-smetaat-za-najloshi-ljubovnici-www.kafepauza.mk

Неодамна во едно интервју од Кети Пери се побарало да ги рангира своите бивши љубовници според умешноста во креветот. На нејзината листа на трето место бил диџејот Дипло, на второ Орландо Блум, а на прво познатиот Џон Мејер. Но ако го прашате нејзиниот бивш сопруг Расел Бренд за нејзината умешност, тој ќе ви каже:

„За време на сексот со Кети размислував за многу други жени бидејќи таа делуваше многу незаинтересирано.“

Од друга страна пак, Дипло тврдел дека не се ни сеќава на сексот со неа.

Џастин Бибер

(4) koi-holivudski-dzvezdi-se-smetaat-za-najloshi-ljubovnici-www.kafepauza.mk

Изгледа овој млад пејач сè уште не научил секс-бонтон. Голем дел од неговите бивши партнерки го нарекувале себичен љубовник. Една од нив изјавила:

„Многу очекува од девојките во креветот, но тој самиот скоро ништо не прави.“

Бредли Купер

(5) koi-holivudski-dzvezdi-se-smetaat-za-najloshi-ljubovnici-www.kafepauza.mk

Актерот кој во моментов е во брак со една од најубавите жени во светот, односно Ирина Шајк, има репутација на лош љубовник. Џенифер Лоренс без криење открила дека лошо се бакнува, додека пак една друга бивша партнерка изјавила:

„Тој е многу здодевен кога зборува со француски акцент во кревет бидејќи мисли дека тоа е романтично.“

Тејлор Свифт

Pre-GRAMMY Gala And Salute To Industry Icons Presented By Clive Davis And The Recording Academy Honoring Martin Bandier - Red Carpet

Оваа пејачка е позната по своите песни за бившите партнери, но што велат тие за неа? Според едно интервју со еден од нејзините бивши љубовници, таа била премногу „невина“. Тој вели:

„Тејлор обожава да се бакнува, но ретко кога тоа преминува во секс. Многу е здодевна.“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар