Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

Обожавателите на филмот „Титаник“, кој во 1997 завладеа со сите светски кина и стана еден од најгледаните филмови на сите времиња, веројатно не можат ни да замислат како ова филмско ремек-дело би изгледало без Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги.

Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

Кога во 1996 година започнал кастингот за „Титаник“, продуцентите во филмското студио 20th Century Fox го планирале Метју Меконахи во улогата на Џек, а главниот избор за улогата на Роуз според режисерот на филмот, Џејмс Камерон, била Гвинет Палтроу.

Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

За обожавателите на филмот оваа потенцијална поделба на улогите делува незамисливо, а многумина сметаат дека филмот не би постигнал толкав успех да не глумеле Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.

Кога славниот режисер го запознал Леонардо за прв пат, не бил баш уверен дека тој е идеален за улогата.

„Леонардо беше само еден од листата на имиња. Не го знаев, никогаш го немав запознаено. Мислам дека дотогаш го имав видено само во улогата на Гилберт Грејп, така што не знаев што да очекувам“, изјавил Камерон.

Кејт Винслет знаела дека е створена за улогата на Роуз веднаш штом го прочитала сценариото.

„Ронев крокодилски солзи кога го прочитав. Тоа никогаш ми се немаше случено и помислив дека едноставно морам да глумам во овој филм. Безброј пати му се јавив на Џејмс и го молев да ми ја даде таа прилика“, раскажува Кејт.

Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

На крајот, Камерон сепак ѝ ја дал улогата на Кејт, а потоа следел изборот за главен актер. По првото двоумење, режисерот сфатил дека сака Леонардо да го отелотвори Џек, но во меѓувреме актерот за малку не се откажал од „Титаник“ поради филмот „Ноќи исполнети со буги“ (Boogie Nights).

Легендата вели дека Кејт Винслет го нашла Леонардо во неговата хотелска соба и го натерала да ја прифати улогата бидејќи многу сакала да работи со него.

Американскиот актер Џереми Систо исто така влегол во потесниот избор за улогата на Џек, а како би изгледало кога тој би глумел наместо Леонардо, можете да видите во неговото прво пробно снимање со Кејт Винслет.

„Тоа беше една од многуте улоги кои не сум ги добил. Ми беше малку срам да откријам еден од многуте неуспеси во мојот живот, но не можев на обожавателите на „Титаник“ да им ја одземам приликата да го погледнат филмот од некоја алтернативна перспектива. Бев на аудиција со Кејт и со уште три други актерки. Возбудливо беше да се биде дел од тој процес, дел од нешто толку големо. Сѐ што Џејмс Камерон прави е големо. Бев лудо инспириран од тоа искуство и малку ми се скрши срцето кога не ја добив улогата“, изјавил Џереми во едно интервју.

Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

Стивен Дорф исто така добил прилика да дојде на аудиција за улогата на Џек, но тврдел дека сепак бил среќен поради тоа што не глумел во филмот.

„Сакам да имам кариера како Џони Деп, Шон Пен и Џек Николсон. Сакам да освојам Оскар еден ден. Тоа немаше да биде возможно ако глумев во „Титаник“. Погледнете го Лео. Неговата кариера само пропаѓа. Секогаш ќе биде само оној тип од бродот“, рекол Стивен своевремено, но очигледно многу се излажал.

Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

Леонардо по „Титаник“ стана една од најголемите филмски ѕвезди, а оваа година го освои и долго посакуваниот Оскар за најдобар актер благодарение на извонредната изведба во филмот „Повратник“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар