Кога сте пијани, вие сте вашата реална верзија

Кога сте пијани, вие сте вашата реална верзија

Секогаш кога некој ќе испие повеќе се случува да направи некоја глупост, а следниот ден да го обвинува неговото пијано „јас“ поради лошите одлуки. Но, науката вели дека кога сте пијани, тогаш сте вистинските вие. Според истражување од Универзитет во Мисури, никој освен вие самите, не може да направи разлика помеѓу вашето трезно и пијано јас.

koga-ste-pijani-vie-ste-vashata-realna-verzija-kafepauza.mk

Истражувачите ги поделиле волонтерите во групи. На некои им дале алкохол, а на некои само сок. Потоа ги замолиле да изведат неколку активности пред набљудувачи. Резултатите биле зачудувачки! Испитаниците кои пиеле алкохол ја почувствувале промената кај нив, но набљудувачите не забележале ништо.

Пијаните испитаници забележале промена во нивните сетила, но тоа не го забележале набљудувачите. Овие испитаници кажале дека имаат пониско ниво на свест, дека полесно се согласувале, дека биле отворени кон нови искуства и се чувствувале екстровертно. Сепак, набљудувачите единственото нешто кое го забележале била екстровертноста на пијаните испитаници.

Значи, луѓето може ќе забележат дека сте погласни и позборливи после неколку пијачки, но сето останато е само во вашата глава. Па, следен пат кога ќе се разбудите мамурни и кога ќе се прашувате колку ужасна била претходната вечер, добро е да знаете дека можеби и не била толку лоша колку што мислите.

Вистинска утеха е да знаете дека нема да се најдете во многу непријатни ситуации кога ќе испиете повеќе. Ова исто така не значи дека алкохолот ве претвора во некој кул дечко што секој го сака. Едноставно си останувате исти, само малку подружељубиви. Во виното е вистината, се согласувате?

Сепак, на секој од нас му се има случено да каже нешто додека е пијан, а утредента да зажали за тоа. Следниот пат немојте да го обвинувате вашето пијано „јас“ бидејќи сте пратиле порака на поранешниот партнер, или пак сте се скарале со пријателот кој го мразите. Тоа секогаш сте вие, не вашето пијано алтер его.

Погледнете и зошто не смеете да го мешате алкохолот со енергетски пијалак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар