Кога сме среќни јадеме повеќе

Стереотипната слика за жена во депресија содржи четири клучни елементи и тоа гледање телевизија, размачкана маскара од плачење, пижами и јадење половина кутија сладолед. Сепак, најновото истражување направено од страна на холандски експерти покажува дека храната која ја јадеме кога сме среќни, повеќе доведува до зголемување на килограмите, од онаа која ја јадеме кога сме тажни и во депресивно расположение.Кога сме среќни јадеме повеќеНаучниците, всушност докажале дека луѓето кои „ги јадат своите чувства“ внесуваат многу повеќе калории кога се среќни, отколку кога се тажни или им е досадно. Ова истражување се надоврзува на фактот дека среќните парови ја зголемуваат својата телесна тежина во фазата на врската кога се најсреќни и кога партнерите се чувствуваат најслободно еден кон друг. Па така, секоја домашно спремена или нарачана романтична вечера и тоа како ја зголемува цифрата кога се качувате на вага. Но среќата е многу поважна од цифрата на вагата, нели? :)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар