Кога почетокот би бил крај во филмовите…

Сте се запрашале ли некогаш, како би изгледало кога би го свртеле дејството во филмот и од неговиот крај би направиле почеток? Кога би ги премотувале наназад, многу од филмовите би добиле среќни завршетоци. Еве неколку примери:

1. Ако го гледате филмот „Ајкула“ од крајот кон почетокот, приказната е неверојатно позитивна. Голема бела ајкула спасува луѓе, фрлајќи ги од морските длабочини на површината на водата, сè додека не се отвори преубавата плажа полна со туристи.Кога почетокот би бил крај во филмовите...2. Кога почетокот и крајот би ги смениле своите места во „Лице со лузна“, тогаш режисерот би ви раскажал една необична приказна за скромен мафијаш. Во неа тој се откажува од кокаинот и од криминалот за да го следи сопствениот сон, а тоа е да стане човек кој мие садови и кој сака да заработи доволно пари за да ја посети Куба…Кога почетокот би бил крај во филмовите...3. Ако на овој начин го гледате „127 часа“, филмот ќе се претвори во тажна приказна со среќен крај. Хендикепиран човек, ќе најде рака во пустината, ќе ја прикачи и ќе ужива во убавините на Националниот парк во Јута…Кога почетокот би бил крај во филмовите...4. Во „Матрикс“, Нео се изморува од борбата и употребата на неговите супермоќи. Го ослободува сето кунг-фу знаење од неговиот мозок, по што ù се приклучува на матрицата и започнува нов живот како г-дин Андерсон.Кога почетокот би бил крај во филмовите...5. Ако наназад го гледате „Фајт клаб“, филмот зборува за човек кој од лудак во улична банда, се претвора во продуктивен член на општеството…Кога почетокот би бил крај во филмовите...6. Ако пак, од крајот кон почетокот го гледате „Рамбо“, ќе запознаете човек со необична исцелителна моќ. Тој наместо да ги убива, ги лечи луѓето со неговите магични куршуми.Кога почетокот би бил крај во филмовите...7. И трагедијата „Титаник“ се претвора во приказна со среќен крај. Станува збор за огромен брод кој се издигнува од длабочините на океанот, а чија цел е да спаси илјадници луѓе кои се дават во водата. Ги извлекува и ги враќа назад во Саутхемптон.Кога почетокот би бил крај во филмовите...8. „Годзила“ би била приказна за гигантски гуштер кој помага во реконструкцијата на уништен град, после која со популарниот „месечев од“ се враќа назад во океанот…Кога почетокот би бил крај во филмовите...9. „Карате кид“ е шампион во карате, кој се претвора во мирно и кревко момче, кое го задеваат во училиште и кое на крајот се враќа дома во Џерси.Кога почетокот би бил крај во филмовите...10. „Убава жена“ – тука би се изместиле моралните вредности. Ричард Гир од нормална жена ќе создаде проститутка… :-)Кога почетокот би бил крај во филмовите...


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар