Кога мажите се чувствуваат најсреќно?

Според едно ново британско истражување, припадниците на посилниот пол, се најсреќни кога ќе наполнат 37 години, се чувствувале најсреќно во животот кога станале татковци, срцето им затреперува кога ќе се сетат на денот на својата венчавка, но и на победата на клубот за кој навиваат.

Кога мажите се чувствуваат најсреќно?

Во својата 37-ма година, просечниот маж се чувствува најдобро, затоа што создал семејство и круг на пријатели со кои ужива. Според  43% од нив, најсреќен момент во животот им бил денот кога се родило нивното дете, за 35% најубав момент била нивната венчавка, додека пак 18% од нив, признаваат дека најсреќни биле во моментот кога нивниот тим освоил некоја важна титула.

Освен искуствата кои го промениле нивниот живот, на мажите секојдневно може да им измами насмевка на лицето омилената храна, нова облека или некој гаџет, дружењето со пријателите, пиењето кафе, вечера-изненадување од нивната најдрага, слободното време за читање вести и добриот постигнат резултат на видеоигрите.

Во 37-та година, мажите се доволно млади за да не ги измачува некој сериозен здравствен проблем, а се доволно стари за да имаат изградено самодоверба и да стекнат углед и почит на работа и во друштвото. Поради тоа, ова е најсреќниот период од нивниот живот – објаснува Филип Ходсон од Британската асоцијација за советување и психотерапија.

Топ 7 најсреќни моменти според мажите:

1. Раѓањето на првото дете

2. Стапување во брак

3. Победата на омилениот клуб и освојување титула

4. Купување куќа или стан

5. Денот кога ја запросиле својата партнерка

6. Завршувањето средно училиште или факултет

7. Купување нов автомобил

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар