Кога емоциите се на слобода: За да биде сѐ во ред, најпрвин треба да прифатите дека не е

Кога емоциите се на слобода: За да биде сѐ во ред, најпрвин треба да прифатите дека не е

Понекогаш, иако луѓето околу вас најчесто имаат добри намери, може да биде многу тешко да слушнете нечиј совет кој се состои од зборовите „Во ред си“. А, единствената ваша желба во најтешките мигови е да бидете многу повеќе од во ред. Вие сакате да бидете среќни. Да ги почувствувате убавините на секој момент, без да се навраќате на своите лични проблеми, и да ги броите оние кои вредат.

Кога емоциите се на слобода: За да се биде сѐ во ред, најпрвин треба да прифатите дека не е

Кога се чувствувате немотивирано и лошо, немојте да ја усовршувате лажната насмевка, дури и кога таа е единственото нешто во таа ситуација што делува природно. Така само ќе ги збуните луѓето кои се грижат за вас и нема да можете да се отворите и да кажете дека не, не е сѐ во ред и дека давате сѐ од себе за да останете над површината на немирното море кое ја отсликува вашата сегашност. Немојте да мислите дека мора секогаш да изгледате среќно и радосно, кога однатре ве боли, само затоа што сметате дека ќе бидете товар на светот ако му ја додадете својата тага.

Немојте да се криете. Тоа е клучот за рефлексијата. Понекогаш, колку подлабоко копате толку повеќе откривате работи кои не ви се допаѓаат и работи кои сакате да ги промените по секоја цена. Сеќавања кои сакате да ги избришете од главата. Или луѓето кои ве повредиле, а кои никогаш нема да можете да ги мразите.

Што треба да направите кога се чувствувате немоќно и неспособно да продолжите напред? Кога сте доживеале и проживеале моменти кои не би сакале другите да ги искусат? Кога пронаоѓањето на светлото на крајот од тунелот изгледа невозможно?

Дајте си време. Направете мала пауза. Грижете се за себе. Луѓето кои ве сакаат секогаш ќе бидат тука ако треба да бидат. Грижата за себе никогаш не е себична. Немојте да им давате совети на луѓето како да бидат среќни, кога и вие самите не сте. Споделете ги своите чувства и знајте дека сте отпорни и истрајни и дека ќе дојде време кога повторно ќе се исправите на нозе.

Слушајте ги своите совети и направете пауза дури и кога сакате само да се затворите во еден оклоп и да се изолирате од реалноста. Полека, животот ќе го сврти тркалото. Но, за тоа е потребно време, а за вас… За вас, тоа е во ред.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар