Кога било направено првото пиво?

Токму пред мамурлакот. Шега на страна, пивото датира од времето на житното земјоделие, за кое се верува дека започнало околу 10.000 година п.н.е во античка Месопотамија, регион од северозападна Азија кој во моментов е окупиран од Ирак.

Кога било направено првото пиво?

Се верува дека почетоците на алкохолот настанале кога некои фармери ја пробале водата во која неколку дена стоел (се ферментирал) леб. Првите верзии на пивото биле напитоци од искршени или измешани житарици кои биле натопени и полека загревани во вода, а потоа печени и повторно натопувани.

Најстарите податоци за подготвено пиво се забележани во епот „Гилгамеш“ (2.000 п.н.е – 3.500 п.н.е). До 2.000 година п.н.е Сумеријанците веќе имале измислено рецепти за 8 различни видови пиво направени од јачмен и други 8 за пиво од пченица. Овие мешавини биле рангирани од „јаки“, „црвено кафеави“ до „добро темни“ – и брзо потоа се појавиле насекаде.

Античките Египќани ги обожавале своите напитоци, преферирајќи пиво пред водата (која често била загадена). Египќаните со тек на време го пренесле пивото на Грците, кои тогаш го преферирале виното како нивен главен пијалак.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар