Кога би немало интернет…

Замислете одеднаш да снема интернет од непознати причини и да не се знае кога проблемот ќе биде решен. Што би правеле во таков случај?

Ние имаме неколку идеи:

1. Ќе си ја исчистите собата, после многуте одложени обиди.

2. Ќе се договорите да се видите на кафе со пријателите, наместо да „четувате“ со нив.

3. Порано ќе си легнувате, наместо да сурфате доцна во ноќта.

4. Би возеле велосипед.

5. Ќе поминувате повеќе време со вашите најблиски.

6. Ќе имате време да прочитате книга.

7. Вашето поштенското сандаче ќе биде полно, ама со вистински писма, а не со виртуелни мејлови и спамови.

8. Наместо лајкови, ќе добивате комплименти.

9. Слободното време ќе го искористите да се запишете на некој курс и да научите дополнителен странски јазик или пак да научите да танцувате.

10. Нема да бидете постојано бомбардирани со различни вести.

11. Ќе плаќате скапи телефонски сметки за да се слушнете со вашите пријатели од странство.

12. Информациите ќе ви бидат пласирани еднострано, без да имате можност да ги проверите.

13. Наместо да го прашате чичко Google, ќе се зачлените во најблиската библиотека и ќе „сурфате“ низ книгите.

14. Ќе гледате фудбал и ќе мора да ги слушате „интересните“ коментари од нашите ценети фудбалски коментатори.

15. Ќе имате многу фотоалбуми, на кои ексклузивно право ќе имаат само вашите пријатели.

16. Ќе имате многу помалку пријатели од тие на Фејсбук, ама тие ќе бидат вистински.

17. Веднаш ќе закажете на забар.

18. Би биле покреативни како да ги поканите вашите пријатели било за роденден, забава или журка.

19. Ќе имате време да влезете во кујна и да научите да зготвите некое јадење или да направите некој вкусен десерт.

20. Ќе организирате скара со пријателите.

21. Би возеле ролерки.

22. Конечно ќе можете да се посветите на вашето омилено хоби.

23. За сè што е ново, ќе се информирате од редовните вести.

Што би правеле вие без интернет?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Антонио Reply

    ахах колку е точно ова и јас би го правел!

  2. aha Reply

    bez internet, nemase ni kafepauza sega da raboti 😛 ni pa nekoj da go citase toa

    • najakaa Reply

      i ja toa sakav sea da go pishamm. . 😛

  3. najakaa Reply

    koga bi nemalo internet ni bi go chitale ova…

    • :) Reply

      Ne bi go citale ova, tuku bi go pravele :)

Остави коментар