Кое е најдоброто време за вежбање за да спиете подобро во текот на ноќта?

Секое време е добро за вежбање, но ако имате проблеми со спиењето, времето кога одите во теретана во текот на денот може да влијае врз квалитетот на вашето спиење. Ова го покажува новото истражување спроведено на Апалачкиот државен универзитет.

koe-e-najdobroto-vreme-za-vezhbanje-za-da-spiete-podobro-vo-tekot-na-nokjta-kafepauza.mk

Според истражувањето, луѓето кои вежбаат во 7 часот наутро, заспиваат побрзо отколку оние кои не вежбаат или оние кои одат во теретана во попладневните или вечерните часови. Луѓето пак, кои вежбаат во 19 часот, не само што цела ноќ спијат подобро од оние кои не вежбаат, туку и имаат подобар сон од луѓето кои стануваат рано наутро за во теретана.

Ова сугерира дека ако имате проблеми со заспивањето, вежбањето наутро е вистинското време за вас, но ако се будите во текот на ноќта, тогаш вечерните часови ви се најпогодни за вежбање.

2.koe-e-najdobroto-vreme-za-vezhbanje-za-da-spiete-podobro-vo-tekot-na-nokjta-kafepauza.mk

Ако вежбате наутро, вие најверојатно го менувате вашиот циклус на спиење за да се будите малку порано со цел да се приспособите на времето за тренирање. Оваа рутина, плус согорувањето на калориите рано наутро, ќе ви помогне навечер да заспивате многу побрзо, објаснува водачот на ова истражување, д-р Скот Р. Колиер.

Ако вежбате во вечерните часови, зголемувањето на телесната температура како резултат на кревањето тегови може да ги релаксира мускулите, создавајќи термички ефект сличен на оној кога уживате во топла бања. Заедно со мускулниот замор, вечерниот тренинг ќе ви помогне да имате поцврст сон и да не се будите откако ќе заспиете.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар