Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Алисон Кими им кажала на нејзините деца дека време е да излезат од базенот и да си одат дома. Ќерка ѝ толку многу се вознемирила што му кажала на брат ѝ дека „мама е дебела“. Кими наместо да се налути, решила да им одржи животна лекција.

Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Кога се вратиле дома, таа ги викнала нејзините деца да разговараат. Иако Кими не може да го контролира она што се случува надвор од домот и она што го слушаат децата на училиште, таа во никој случај нема да им дозволи да го користат зборот „дебел“ како навреда. Кими ја споделила нејзината приказна на Инстаграм и таа брзо постигнала голема популарност и добила повеќе од 32 илјади лајкови. Во продолжение, прочитајте го нејзиниот одговор:

Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Ќерка ми денес ме нарече дебела. Таа беше лута поради тоа што ги натерав да излезат од базен и му кажа на брат ѝ дека мама е дебела. Ѝ кажав да се тргне на страна за да поразговараме.

Јас: „Што кажа за мене?“

Таа: „Кажав дека си дебела мамо, извини.“

Јас: „Ајде да поразговараме за тоа. Вистината е дека јас не сум дебела. Никој не е дебел. Никој не може да БИДЕ дебел. Но, имам маснотии. СИТЕ имаме маснотии. Тие ги штитат нашите мускули и коски и им помагаат на нашите тела да функционираат со тоа што им даваат енергија. Имаш ли ти маснотии?“

Таа: „Да! Имам малку на моето стомаче.“

Јас: „Точно така. Имам и јас, а има и брат ти.“

Брат ѝ: „Јас немам маснотии. Јас сум најслаб, јас имам само мускули.“

Јас: „Всушност сите луѓе на светот имаат маснотии. Но, сите ние имаме различна количина на маснотии.“

Брат ѝ: „Така е! Јас имам маснотии што ми ги штитат големите мускули! Но, ти имаш повеќе од мене.“

Јас: „Да, тоа е вистина. Некои луѓе имаат многу, некои немаат толку многу. Но, тоа не значи дека тој човек е подобар од другиот, разбирате?“

Двајцата: „Да, мамо!“

Јас: „Можете да го повторите тоа што го кажав?“

Тие: „Да! Не треба да велиме дека некој е дебел, затоа што не можеш да бидеш дебел, но сите имаат маснотии и во ред е да имаме различна количина на маснотии.“

Јас: „Токму така!“

Тие: „Може сега да се вратиме во базенот?“

Јас: „Не…“

Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Секогаш кога ќе се споменат ваквите теми, морам да одлучам како ќе се справам со нив. „Дебел“ не е погрден збор во нашиот дом. Ако ги карам моите деца поради тоа што го изговориле, на тој начин ќе докажам дека зборот е навредлив и ќе ја продолжам стигмата дека дебелите луѓе се безвредни, одвратни, смешни и непривлечни.

Со оглед на тоа што во мојот дом не ги нарекуваме луѓето дебели за да ги навредиме, морам да претпоставам дека таа ја добила оваа идеја од друго место и од некој друг. Нашите деца се хранат со идеи на секој чекор, мора да разберете дека тоа ќе се случи некогаш: Во домот на некое другарче чии родители имаат поинакви вредности, на телевизија од некоја емисија или филм, кога ќе наслушнат некој на училиште… Идеите за физичкиот изглед се филтрираат во нивните мозочиња. Наша работа е да останеме најгласниот, најпозитивниот и најупорниот глас што го слушаат, за да можеме да ги надвикаме сите останати. Ставете ми лајк, доколку се согласувате со ова!

Едноставни бидете свои!

Али

Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Продолжете на следната страница за да ги прочитате позитивните и негативните коментари што ги добила оваа објава…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар