Ќе се згрозите: Ова е најодвратното нешто што бебињата го прават во матката на мајката

Животот на бебето во матката е сигурен и топол, но и по малку одвратен. Сите знаеме дека самото породување вклучува неколку грозни моменти, но сепак ова е најодвратното нешто што бебињата го прават во матката на мајката. Подготвени сте да дознаете за што станува збор?

Ќе се згрозите: Ова е најодвратното нешто што бебињата го прават во матката на мајката

Бебињата што се развиваат во матката ја пијат сопствената урина! Бубрезите на фетусот стануваат активни во 11-тата недела од неговиот развој. Иако во првите денови од бременоста амнионската течност е претежно составена од телесните течности на мајката, со текот на времето сѐ повеќе наликува на бебешка урина. До крајот на бременоста, амнионската течност содржи повеќе урина од летните базени!

Околу 11-тата недела од развојот, доаѓа до уште еден развоен момент. Мембраната што ја блокира устата на бебето се распаѓа. Тоа значи дека бебето почнува да голта во истиот период кога почнува да уринира. Зар не е природата волшебна?! Не грижете се! Сосема е нормално доколку мислите дека целава ситуација е одвратна.

Сигурно се прашувате дали е штетно тоа што бебето пие урина во последната половина од бременоста? Накратко, не е штетно. Оваа течност многу брзо се филтрира преку бебето и целиот процес е дел од животот во амнионската мембрана. Не заборавајте дека амнионската течност ги содржи и мртвите кожни клетки на бебето, кои немаат каде да одат откако бебето ќе се ослободи од нив во матката.

Иако сето ова ви звучи одвратно, не смее да се потцени улогата на амнионската течност. Таа го заштитува бебето, ја одржува температурата во матката и ја заштитува папочната врвца. Освен тоа, голтањето на амнионската течност му помага на бебето да го развие и зајакне дигестивниот систем. Целиот овој развој има смисла иако звучи грозно. Можете ли да си замислите како пливате во када полна со вашата сопствена урина, други течности и неколку лажички мртви кожни клетки? И потоа да пивнете малку од сето тоа? Најверојатно не би го сториле тоа ни да ви нудат милион евра, но бебињата не се толку пребирливи.

Бебињата на некој начин живеат во урина сѐ до нивното раѓање, но што е со другите работи? Можете да се опуштите, бидејќи бебето не може да се „олесни“ во матката. Фетусите во развој го задржуваат првиот измет, познат како мекониум, и го испуштаат неколку часа по раѓањето. Секако дека постојат и исклучоци. Ако породувањето било тешко, бебето може да го испушти мекониумот во матката. Во некои случаи, бебето може да го вдиши мекониумот во матката и лепливата супстанца може да ги блокира дишните патишта на бебето и да доведе до сериозни проблеми со дишењето. За среќа, ваквите компликации се многу ретки и докторите можат да ја предвидат оваа можност.

После сите овие информации, можеме да заклучиме само дека она што се смета за одвратно е релативна работа, барем што се однесува до бебињата.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за животот на бебињата пред нивното раѓање, погледнете го следново неверојатно видео кое покажува како бебето си игра во матката.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар