Кинопроекции на отворено море

Замислете како вашиот култен филм го гледате среде отворено море, на удобен сплав, кој повремено се занишува од брановите… Би сакале ли, покрај со миризбата на солените пуканки, атмосферата да ја зачините и со свежината на морските широчини, додека нозете ви се брцнати во солената вода?

Организаторите на тајландскиот филмски фестивал „Fil on the Rocks Yao Noi“, се одлучиле за токму вакви кинопроекции. За љубителите на големото платно, тие го создале најдоброто кино досега, односно првата киносала, која лебди над вода. Удобните седишта ги поставиле на сплавови, сместени во преубав залив, опркужен со високи карпи и со џунгла.Кинопроекции на отворено мореОваа најкул киносала во светот, наречена „Кино Архипелаг“, е дело на архитектот Оле Шерен. Тој градбата ја конструирал од рециклирани материјали, кои после фестивалот завршиле кај жителите на најбликото тајландско село.

„Дури и помислата да гледате филм тука е шокантна. Ве обзема безвременско чувство, кога ќе го видите целиот аудиториум како лебди над водената површина, фокусиран на подвижни слики среде отвореното море“, изјавил Шерен за време на фестивалот.

Кинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено мореКинопроекции на отворено море


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Waldorf Reply

    Awesome.

  2. Bojana Reply

    preubavo…

Остави коментар