Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботи

Еден ресторан во Харбин, Кина има вработено 20 роботи кои ја спремаат, сервираат и служат храната, а воедно и ги анимираат гостите. Ресторанот започнал да работи во јуни, 2012 година.

Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботи

Кога ќе влезете, еден робот ве отпоздравува со „Здраво, жителу на Земјата. Добредојде во роботскиот ресторан“. Потоа вашата нарачка ја спрема еден од четирите роботи-готвачи, кои знаат да подготват голем број вкусни јадења. Откако јадењето ќе биде спремно и сервирано од страна на помошници-луѓе, робот-келнер движејќи се по ленти поставени на подот, ја носи храната од кујната до вашата маса. Додека јадете, робот-пејач ве забавува.

Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботи

Роботите се со висина од 120 до 150 сантиметри, а можат да направат 10 фацијални експресии. Тие можат без престан да работат 5 часа, а потоа треба 2 часа да се наполнат со електрична енергија. Но ваквиот персонал, воопшто не е евтин. Еден робот чини од 200.000 до 300.000 јуани (од 31.500 до 47.000 американски долари). Дополнително, оспособувањето на ресторанот го чинело газдата 5 милиони јуани (790.000 американски долари).

Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар