Касичка за фер штедење

На сите убаво ни звучи идејата за штедење пари. Некои размислуваат за книжни, други за метални, некои за денари, други за девизи, но во секој случај, заштедата е слатка работа. Многу луѓе имаат проблем да почнат да штедат, или им фали мотивација или доволно цврста волја. Ако сте ваков случај, тогаш касичката DUEl би можела да ги смени вашите досегашни навики.

Касичка за фер штедење

Порцеланската површина на касичката е згодна за лесно пишување врз неа. Едноставно, пишете го вашето име на едната страна, а името на вашиот цимер, партнер, брат или сестра на другата. Кон која страна ќе се наведнува касичката, таму има повеќе пари. Едноставно, но креативно решение кое нема да дозволи да ве лаже вашиот партнер во штедењето, а сепак ќе ве мотивира двајцата да го правите тоа.Касичка за фер штедењеИсто така, може да штедите и сами, но за 2 работи кои сакате да си ги купите, на пример, нов мобилен телефон и акустична гитара, па кога овие две работи ќе ги ставите на двобој, ќе имате претстава за која повеќе одвојувате пари.Касичка за фер штедењеИ најдоброто од сè, кога ќе решите да ја извадите заштедата на виделина, не мора да ја кршите касата. Доволно е само да ја извлечете црвената лента.Касичка за фер штедење

Ако ви се допаѓа касичката, можете да си ја купите за 39$ од Sleek Identity.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар