Карактерни особини со чија помош може да се препознаат сите растројства на личноста

Карактерни особини со чија помош може да се препознаат сите растројства на личноста

Човечкиот карактер и растројствата на личноста биле проучувани со децении. Еден од првите документирани примери датира од античка Грција, кога филозофот Теофраст ги поделил луѓето во Атина на 30 различни карактерни типови, користејќи одредени етикети, како на пример „иронија“, „ароганција“ и „фалбаџија“. Ова ги поставило темелите на понатамошните истражувања кои придонеле за развојот на дијагностицирање на психолошките нарушувања.

8 карактерни особини со чија помош може да се препознаат сите растројства на личноста

Постојат вкупно 10 различни растројства на личноста кои можат да се подредат во 3 групи:

Група А: Чудни, бизарни, ексцентрични

  • Параноично растројство на личноста
  • Шизоидно растројство на личноста
  • Шизотипско растројство на личноста

Група B: Драматични, непредвидливи

  • Антисоцијално растројство на личноста
  • Гранично растројство на личноста
  • Хистрионично растројство на личноста
  • Нарцистично растројство на личноста

Група C: Анксиозни, фобични

  • Одбегнувачко растројство на личноста
  • Растројство на зависна личност
  • Опсесивно-компулсивно растројство

Кога станува збор за разбирањето на човечкиот карактер, еден од најтешките предизвици е дијагнозата на растројствата на личноста. Низ историјата биле истражувани повеќе различни техники со цел да се направи разлика помеѓу уникатните карактеристики на сите карактерни типови кои може да бидат поврзани со психолошките нарушувања што се сметаат за излечиви болести.

Психологот Силвија Вилсон од Универзитетот во Минесота и нејзините колеги употребиле застарен пристап и се обиделе да ги разберат индивидуалните „интерперсонални стилови“ кои биле поврзани со секое од растројствата. Овие стилови го објаснуваат начинот на однесување, ставот кон меѓучовечките односи, начинот на кој се толкува туѓото однесување и поставените цело во однос на љубовните врски.

Вилсон и колегите се фокусирале на 127 различни истражувања кои биле спроведени во период од 20 години и посебно внимание обрнале на врската помеѓу 8 специфични интерперсонални стилови и 10 големи растројства на личноста. Тие заклучиле дека начинот на кој се покажале поединците во овие стилови може да обезбеди сигурна дијагноза.

Главните интерперсонални особини со кои истражувачите се занимавале биле следниве: антисоцијални, одбегнувачки, гранични, зависни, хистрионични, нарцистични, опсесивно-компулсивни, параноични, шизоидни и шизотипски.

Истражувачите веруваат дека ако се обрне поголемо внимание на суштинските навики на поединците преку нивните интерперсонални стилови, ќе може подобро да се разберат сите оние кои се справуваат со некакво растројство на личноста.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за најчестите психолошки нарушувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар