Капки кои лебдат во воздух

Во американскиот оддел за енергија, Аргонската Национална Лабораторија, научниците експериментирале со звучни бранови и фармацевтски раствори и создале растворливи капки кои лебдат во воздухот, помеѓу два звучника свртени еден кон друг. И покрај тоа што нивното истражување продуцирало визуелно фасцинантни резултати, истото довело и до разоткривање на многу поефикасен метод за создавање аморфни (безоблични) лекови, кои се многу поефикасни од кристализираните лекови кои ги консумираме.Капки кои лебдат во воздухВодечкиот научник на истражувањето и рендгенолог Крис Бенмор вели: Еден од најголемите предизвици кога станува збор за развојот на лековите, е да се намали количеството на лекот потребен за постигнување терапевтско дејство, кое и да е тоа.“ Аморфните лекови за разлика од кристализираните лекови, му овозможуваат на пациентот да прими помала доза од кој било медикамент, а тој да го постигне истото ниво на ефикасност во третманот, бидејќи организмот полесно го апсорбира. Капки кои лебдат во воздухПа така, тој помислил да направи испарување на растворот, без да го изложи на контакт со некаква површина, бидејќи тоа во повеќето случаи би резултирало со кристализирана форма. Како резултат на тоа, решил да употреби акустичен „лебдач“, кој се користи во НАСА за микрогравитациски симулации. Кога звучниците ќе се пуштат со јачина од 22 килохерци (многу малку над нашиот слуховен праг) секоја капка од растворот се поставува на различни нивоа, за аморфната подготовка. И покрај тоа што само неколку капки одеднаш можат да се подготват во текот на процесот, сепак ова се одлични почетни фази за ефикасен развој на аморфните лекарства.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар