Какво влијание има топлото време на вашиот мозок?

Најверојатно сте забележале дека сонцето има големо влијание на вашето расположение. Сите луѓе се однесуваат малку поразлично кога времето е топло. Ова не е никаква случајност. Истражувањата покажале дека топлото време има мало позитивно и понекогаш негативно влијание на вашиот начин на размислување. Во продолжение, дознајте како високите летни температури влијаат на вашето расположение…

Какво влијание има топлото време на вашиот мозок?

Ако поминувате време надвор кога е сончево, ќе бидете порасположени

Едно истражување од 2004 година, спроведено од страна на Универзитетот во Мичиген, открило дека луѓето кои поминувале 30 минути надвор на убаво време, без разлика дали отпатувале на место со потопла клима во текот на зимските месеци или излегле во парк за време на пролетта, биле порасположени. Освен тоа, тие имале попозитивен начин на размислување и се ослободиле од стресот.

Но, тоа не важи за жешките денови во август

И покрај тоа што летото ни носи посончеви денови и посветла облека, луѓето се изложени на поголем ризик од сончаница и дехидратација. Нормално е тоа што се јавува чувство на непријатност кога температурите се многу високи. И дехидратацијата и сончаницата можат да влијаат на расположението и однесувањето, а во најлош можен случај можат да го оштетат мозокот.

Посреќни сме кога деновите се подолги

Повеќе светлина, повеќе среќа. Луѓето се чувствуваат подобро кога деновите се подолги и кога се изложени на сончева светлина. Иако имавме многу врнежливи денови пролетва, сепак деновите беа подолги и продолжуваат да се зголемуваат. Дополнителните часови сончева светлина можат да направат голема разлика.

Какво влијание има топлото време на вашиот мозок?

Некои луѓе се поподложни на депресија во текот на потоплите месеци

Иако ова не се случува толку често колку во зимските месеци, некои луѓе навистина стануваат подепресивни во текот на пролетта и летото. Експертите тврдат дека оваа состојба се влошува кога има прекумерна топлина и влажност. Кај многу малку луѓе се случува ова во споредба со бројот на луѓе кои страдаат од депресија во зимскиот период, но сепак се случува и тоа не треба да се игнорира.

Топлото време ја буди вашата креативност

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген исто така дознале дека доколку поминувате време надвор на топло време, ќе ја подобрите вашата меморија и ќе добиете покреативен начин на размислување. Убавото време навистина може да ја промени природата на вашите мисли. Сите мислат дека времето влијае на расположението, но најголемите истражувања не покажале никаква поврзаност, па затоа истражувачите спровеле уште некои експерименти и дознале дека постојат 2 важни варијабли: Колку време поминувате надвор и кое годишно време е. Ако завршила зимата, дошла пролетта и вие поминувате повеќе време надвор, ќе забележите огромна промена.

По сите овие сознанија, не ви преостанува ништо друго освен да излезете надвор и максимално да ги искористите сончевите зраци!

Прочитајте и дали времето влијае на вашето расположение.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар