Какво е чувството да се доживее напад на паника?

Какво е чувството да се доживее напад на паника?

Ако никогаш не сте доживеале напад на паника, тогаш сигурно не можете да разберете низ што поминуваат оние кои го искусиле. Иако вам можеби нивните стравови ви изгледаат ирационални, а реакциите глупави, станува збор за вистински проблем што има моќ да натера една личност да се почувствува како да умира. За подобро да разберете како е да се има напад на паника, погледнете ги следниве изјави од луѓе што поминале низ тоа.

Какво е чувството да се доживее напад на паника?

„Тоа е како да се давите во базен, но луѓето околу вас не ве гледаат. Тие мислат дека пливате како нив.“

„Секој дел од вашето тело е преоптоварен. Вашиот ум, вашите стравови, вашето срцебиење, вашето дишење. И нема можност за смирување. Вие мора да се движите низ овој емоционален ролеркостер сè додека едноставно самиот не престане.“

„Паничните напади доаѓаат како лавина.“

„Дури и најмалите нешта можат да поттикнат големи емоции. Тоа е како некој да запалил чкорче, а вие реагирате како бомба да ќе експлодира.“

„За време на нападот на паника имате чувство како слон да седи на вашите гради, а вашите очи се врзани и плус се давите.“

„Тоа е како сè во вас да се претвора во голем бран што потоа ќе ви го скрши телото.“

„Имате чувство како да сте затворени во мала кутија и некој одеднаш почнува да го извлекува сиот воздух од внатре.“

„Некои доживуваат гласни и бурни панични напади, но моите се тивки бидејќи се обидуваат да ме удрат со секој ирационален страв одеднаш.“

„Имате чувство како вашиот ум очајно да се обидува да преземе контрола врз вашето тело кое решило да се одвои од вас.“

„Тоа е како да ве фрлат во океан, а вие не знаете да пливате.“

„Без разлика колку длабоко дишам, едноставно кислородот не успева да стигне до мојот мозок.“

„Тоа е како небото да се руши над вас, а вие сте парализирани и сè што можете да направите е да се плашите.“

„Нештата околу вас почнуваат да се движат во забавена снимка, како во филмот ‘The Matrix’. Вие можете да ги видите и да ги чуете луѓето, но официјално сте влегле во сосема нова димензија. Никој не знае дека сте таму и никој не може да ве чуе.“

„Без никакво предупредување, секој ирационален страв станува ментално чудовиште што ве врзува против вашата волја.“

„Имате чувство како да треба да избегате од себеси.“

„Тоа е како да имате искуство блиско со смртта, но знаете дека сè се случува само во вашата глава бидејќи седите дома, на каучот.“

„Како огномет без прекин да експлодира во вашите гради.“

„Одеднаш, како срцето да ви е запалено.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар