Какви се вашите заби? Нивниот облик ги открива вашите амбиции и вашите врски со луѓето

Какви се вашите заби? Нивниот облик ги открива вашите амбиции и вашите врски со луѓето

Следниот пат кога ќе ја откриете вашата блескава насмевка, погледнете се во огледало. Вашите заби треба да бидат негувани, а нивниот облик, изглед и боја се разликува од останатите. На тој начин тие покажуваат кои сте вие, а покрај тоа што физички ве разликуваат, тие зборуваат и за некои особини од вашиот карактер.

kakvi-se-vashite-zabi-nivniot-oblik-gi-otkriva-vashite-ambicii-i-vashite-vrski-so-lugjeto-kafepauza.mk

Конвексни (издадени нанапред) заби

Оваа личност е зборлеста и бучна, по малку агресивна и ретко се помирува со „не“ како одговор. Кога ќе ви пријде некој со вакви заби, бидете внимателни бидејќи од вас ќе бара нешто што ретко кога би можеле да го одбиете. Конвексните заби кај жените се знак на удобен живот.

Комбинирано: Конвексни и конкавни

Забите со ваков облик се во долниот дел конвексни, додека горните се конкавни. Овие личности се добри оратори и многу се уверливи, но немаат многу среќа во кариерата и натпреварувањето. Секогаш се на второ место.

Остри заби

Ваквите заби потсетуваат на глувчешки, остри се и ефикасни, а се знак за паметна личност која поседува одлично знаење во својата струка. Тие се одлични математичари и имаат добар почеток во животот, иако со тек на време почнуваат да се борат со големи препреки.

Нееднакви заби

Личностите со нееднакви заби често се алчни и мислат само на себе. Темпераментни се, често си го менуваат мислењето, имаат проблеми во врските и во пронаоѓањето работа. Мораат да ги контролираат своите емоции за да создадат подобар живот.

Конкавни (вдлабнати кон внатре) заби

Личноста која има конкавни заби би требала да направи здравствен преглед бидејќи може да има некое генетско нарушување.

Повеќе непца отколку заби

Луѓето со вакви заби имаат помалку среќа во љубовта, врските и посебно со семејството. Можно е да отпочнат свое семејство на многу рана возраст. Пријателите им се поблиски од семејството.

Заби „на сите страни“

Проактивни, смислуваат нови идеи и иницијативни, страсни и искрени. Имаат добри комуникациски вештини, но се многу тврдоглави и кавгаџиски настроени.

Мали заби

Зајадливи се и за нив парите се сè. Мотивирани се само ако се работи за пари бидејќи заработувањето им значи сè. Љубоморни се и ретко им веруваат на другите. Разделувањето меѓу забите означува личност која не може лесно да заштеди пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар