Какви промени ќе му се случат на човекот за 1000 години?

Какви промени ќе му се случат на човекот за 1.000 години?

Еволуцијата илјадници години го менувала нашето тело, а тоа и понатаму ќе се случува. Прочитајте како научниците за анатомија, сметаат дека ќе изгледа човекот за 1.000 години од сега.

1. Ќе бидеме повисоки поради подобрувањето на исхраната и напредокот на медицинската наука, а во прилог на тоа оди и податокот дека просечниот американец е повисок за 2,4 цм, во однос на 1960 година.

Какви промени ќе му се случат на човекот за 1000 години?

2. Нашиот желудник ќе се намали за да не консумираме премногу шеќери и масти – природен начин на кој телото го избегнува дебелеењето.

3. Доколку плодноста на жените продолжи да се намалува, мажите ќе имаат помали тестиси.

4. Рацете и прстите ќе станат подолги, а бројот на нервните завршетоци на рацете и прстите ќе се зголеми, како резултат на зголемената употреба на уреди какви што се мобилните телефони, кои бараат прецизна координација.

5. Ќе имаме помали мозоци, најверојатно бидејќи најголем дел од информациите ќе бидат сместени во компјутерите и мобилните телефони.

Какви промени ќе му се случат на човекот за 1000 години?

6. Ќе имаме помалку заби во устата, бидејќи потребно е помалку џвакање на меката храна.

7. Научниците предвидуваат дека храната во иднина ќе биде консумирана во облик на таблети или течности.

8. Ќе имаме подбрадок затоа што нашите тела се дизајнирани да јадеме помалку, а да трошиме повеќе енергија, а тоа е неизводливо во модерниот свет.

9. Сите ќе имаме идентични носови, зошто природата има сѐ помало влијание на ширината на носниците, благодарение на централното греење и климатизерите.

Какви промени ќе му се случат на човекот за 1000 години?

10. Централното греење и топлата облека ќе предизвикаат растење на помалку влакна на човечкото тело, но ќе ни се појават повеќе брчки, поради константното гледање во електричните направи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Bisera Reply

    Големината на мозокот нема никаква врска со памтењето на информации, така што не знам зошто би се намалил мозокот… 🙂

Напиши одговор на Bisera Откажи одговор