Какви мисловни способности имате? Стандардни или неконвенционални?

Какви мисловни способности имате? Стандардни или неконвенционални?

Во 20-тиот век, психолозите Елис Пол Торенс и Џој Пол Гилфорд ги проучувале мисловните способности на различни луѓе и развиле уникатен систем од тестови. Нивните тестови можеле да го оценат нивото на интелигенција и креативност кај луѓето. Овие тестови некогаш се користеле за тренирање воени лица, но денес се дел од наставната програма во некои училишта. Со помош на истражувањата на овие психолози, можете да дознаете какви се вашите мисловни способности.

Какви мисловни способности имате? Стандардни или неконвенционални?

Подолу, можете да видете 10 слики. Погледнете ги внимателно и размислете што гледате на нив. Ако мислите дека вашиот одговор е премногу очигледен, размислете уште малку. На крајот од страницава ќе можете да ги прочитате резултатите. За разлика од вообичаените тестови, тука нема точни и неточни одговори. Степенот на вашата креативност се одредува според тоа колку се разликува вашиот одговор од очигледниот одговор и бројот на можните варијанти што ви доаѓаат на памет за секоја слика.

Што гледате на овие слики?

Какви мисловни способности имате? Стандардни или неконвенционални?

Подготвени сте да дознаете какви се вашите мисловни способности? Погледнете ги резултатите…

  • Резултати

    1. Просечниот човек најверојатно би видел свеќа, но ова може да биде и отворач за вино кој се заглавил во тапата.

    2. Дали мислите дека ова се само отпечатоци од чевли во круг? Некои луѓе велат дека станува збор за параглајдерист кој слетува на земјата (гледано од долу).

    3. Личи на компас. Но, човек со неконвенционален начин на размислување би видел мала гладна птичка во гнездо која вика по мајка си (гледано од горе).

    4. Ова личи на вирови на патот. Но, станува збор за жирафа гледана од прозорецот на вториот кат.

    5. На прв поглед, ова не личи на ништо. Но, што ако си замислиме дека се работи за мечка која се симнува по дрво и можеме да ги видиме само нејзините шепи?

    6. Дали видовте тркало од автомобил? Обидете се да видите Мексиканец со сомбреро кој танцува (гледано од горе).

    7. Просечните луѓе гледаат половина колбас или отпечаток од потпетица. Но, ова може да биде и воз како излегува од тунел (гледано од напред).

    8. Дали мислите дека ова е машка кошула со пеперушка? Некои луѓе мислат дека оваа слика прикажува расеан келнер кој се заглавил помеѓу вратите од лифтот.

    9. Љубителите на автомобилите гледаат брзиномер, а физичарите гледаат барометар. Но, луѓето кои имаат неконвенционален начин на размислување гледаат снешко (гледано од горе).

    10. Многу луѓе би рекле дека на сликата „некој се крие зад нешто“. Но, позабавно е да се помисли дека станува збор граничари со нивните кучиња кои се кријат зад барикада.

    Дали смисливте по неколку одговори за секоја слика?

    1-2 можни одговори: За жал, вие сте исто толку креативни колку и поголемиот дел од светската популација. Или можеби не сте го сфатиле тестов сериозно и брзо сте преминале на одговорите од љубопитност. Ако се работи за второто, тоа е во ваша корист, бидејќи љубопитноста е тесно поврзана со креативноста.

    3-5 можни одговори: Ако одговорите многу се разликуваат во нивните значења и не ви требало многу време за да ги смислите, честитки! Вие имате неконвенционални мисловни способности и ги решавате проблемите на креативен начин. Можете да поместите планини ако сакате!

    6 или повеќе можни одговори: Ништо не може да ви застане на патот! Вашето креативно размислување е неверојатно. Дефинитивно размислувате на уникатен начин. Ви честитаме!

Доколку сте расположени за уште еден интересен тест, проверете колку е развиено вашето апстрактно размислување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар