Како живее високата класа во Азија?

Дали сонувате да возите Мерцедес обложен со кристали од Сваровски? Или повеќе би сакале да го освежите лицето со 24 – каратна златна маска за лице? Ова се само дел од предностите во кои ужива високата класа во Азија. Како живее високата класа во Азија?Луксузниот автомобил Мерцедес Бенц SL600, обложен со 300.000 кристали од Сваровски, е еден од автомобилите изработени по нарачка. Мерцедесот за прв пат беше претставен во салонот за автомобили на компанијата „Гарсон“ во Токио, која се занимава со производство на додатоци за автомобили направени по нарачка. Оние пак, кои ги претпочитаат јахтите пред автомобилите, може да се зачленат во клубот „One Degree 15“ кој се наоѓа на марината во Сингапур, каде што членовите на високата класа може да ги паркираат своите јахти. Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Изборот на хотели е од големо значење за високата класа. Кога се работи за првокласни хотели, не може да не се спомене хотелот Риц – Карлтон кој е сместен во Меѓународниот трговски центар во Хонг Конг. Со самото тоа што овој хотел се наоѓа во четвртата највисока зграда во светот, Риц – Карлтон нуди неверојатен поглед кон трговската област Цим Ша Цуи. Како живее високата класа во Азија?А дали знаевте кое е најскапото суши? Познатиот готвач Анџелито Аранета Џуниор го обновува Гинисовиот рекорд во Манила за најскапо суши некогаш направено, така што става африкански дијаманти врз бисерите на сушито. Рекордот на Аранета беше запишан во Гинисовата книга на рекорди во јуни 2010 година. Најскапото суши ги чини припадниците на високата класа 91.800 пезоси, односно 1.978 долари. Како живее високата класа во Азија?Врвната храна секогаш е во комбинација со квалитетно вино. Во Хонг Конг најквалитетните сорти вина може да се купат на аукција. Една таква аукција на ретки и квалитетни вина беше одржана за време на прес-конференцијата во Хонг Конг. Директорот на аукцијата, Џон Капон, имаше чест да ја претстави најскапата колекција составена од 70 шишиња вино произведени помеѓу 1799 и 2003 година. Колекцијата беше проценета помеѓу 125.000 и 175.000 долари. Како живее високата класа во Азија?Аукциите, изложбите и салоните за убавина сè она во кое ужива високата класа. Во Азија има многу места наменети за богатите. Во Индија може да купите минијатурна репродукција на Таџ Махал изработена од 22 – каратно злато. На аукција во Кина може да се најде автентичен златен накит, како и репродукции на будистичката божица Јиујанг изработени, исто така, од злато. За врв на задоволството се смета третманот со маска за лице од 24 – каратно злато, кој го има само во ексклузивните салони за убавина. Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар