Како влијаат вашите мисли на вашето неродено дете?

Како влијаат вашите мисли на вашето неродено дете?

Направени се многу истражувања за да се докаже врската помеѓу негативните мисли, емоциите и стресот што го повредуваат детето, и оптимизмот и убавите емоции што му користат на вашето неродено дете.

kako-vlijaat-vasite-misli-na-vasheto-nerodeno-dete-kafepauza.mk

Истражувањата покажуваат дека брзо по оплодувањето, постои мало ниво на свесност во ембрионот. Како што се развива, потсвеста на фетусот складира информации за да го подготви за опкружувањето на мајката. Но, и врската помеѓу мајката и таткото е важна. Во шестиот месец, фетусот може да слуша и да се движи во ритам со гласот на мајката. Замислете го различното влијание кога мајка пее среќно, или пак кога вика од гнев и бес.

Неколку истражувања покажале и дека лошата врска на родителите го зголемува ризикот на децата од психолошки и физички проблеми, и тоа за 200%! Еден професор по биологија истражувал на оваа тема.

„Биолошки е невозможно еден ген да оперира независно од својата околина. Гените се дизајнирани да бидат регулирани од сигнали од нивното опкружување. Некои од нив имаат влијание од нашите социјални интеракции.“

Докторот Томас Верни изјавил:

„Научниците ги препознаваат живите организми како динамични системи кои имаат способност да го репрограмираат однесувањето на гените за да се прилагодат на околината.“

Врската помеѓу негативните мисли, емоции и стресот е веќе јасна. Врската помеѓу оптимизмот и грижата за нероденото дете е добра. Во овој случај, „добрите“ хормони се оние кои циркулираат за да му помогнат на детето. Но мислите може да имаат уште поголемо влијание на ДНК.

Постои и друга енергија која ги поврзува емоциите и генетската промена. Доктор Јозеф Меркола направил интересен експеримент каде што покажува колку е чувствителна плацентата на мисли. Во истражувањето се користела ДНК од плацента. Сите 28 истражувачи биле обучувани како да генерираат силни емоции кога било потребно. Секоја ДНК од плацентата ја менувала формата во зависност од чувствата. Кога истражувачите се чувствувале позитивно, ДНК-та се „релаксирала“ односно се издолжувала. Кога истражувачите чувствувале негативни емоции, ДНК-та се собирала, па дури и „исклучувала“ некои кодови.

Погледнете и која е идеалната возраст за бременост според научниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар