Како влијаат емоциите на нашиот имунитет?

Автоимуните нарушувања се група нарушувања при кои нашите имунолошки клетки ни уништуваат други клетки во организмот. Нарушувањата во работата на тироидната жлезда, дијабетесот и лупусот се некои од автоимуните болести. Повеќето од болестите во нашето тело се третираат со имунолошки клетки. Но дали знаете како нашите емоции ги контролираат овие клетки?

kako-vlijaat-emociite-na-nashiot-imunitet-kafepauza.mk

Доктор Кендис Перт направила истражување и открила дека клетките во нашето тело комуницираат едни со други, и тоа преку невропептиди. Овие невропептиди имаат улога на „возило“ кое ги пренесува информациите од една клетка до друга. Тие пренесуваат информации до ДНК-та на клетката и предизвикуваат неверојатни реакции кај неа. Овој процес на спојување е познат и како „секс на молекуларно ниво.“

Но, пресврт во истражувањето било кога доктор Перт открила дека 85-90% од невропептидите се наоѓаат во лимбичкиот систем, а во овој дел од мозокот се сместени нашите емоции. Со други зборови, лимбичкиот систем пренесува информации за емоции до овие невропептиди.

Подоцна таа открила дека рецепторите на овие невропептиди се наоѓаат и во имунолошките клетки. За секој невропептид во мозокот, имунолошката клетка има ист рецептор во неа. Ова докажува дека нашиот имунолошки систем комуницира со лимбичкиот систем, односно дека емоциите се пренесуваат до имунолошките клетки.

Природата на емоциите точно го прикажувала однесувањето на имунолошките клетки. Ако емоциите биле деструктивни, и имунолошките клетки покажувале вакво однесување, притоа напаѓајќи ги сопствените телесни клетки. Од друга страна, позитивните емоции имале моќ целосно да ги излечат и да ги средат имунолшките нарушувања кај пациентите.

Со „програмирање“ и контролирање на нашите емоции, ние можеме да ја програмираме и функцијата на имунолошките клетки, а можеби и да ги избегнеме автоимуните заболувања.

За да дознаете повеќе, погледнете какво е влијанието на разните емоции на нашето тело.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар