Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Секој од нас барем во еден период од животот голем дел од времето го поминувал играјќи некоја видеоигра. Некои од нив имаат навистина чудни имиња кои никако не асоцираат на она што нè чека во играта. Ако некогаш сте се запрашале како тие ги добиле имињата, еве ги приказните за неколку од нив.

Pac-Man

Оригиналното јапонско име на оваа игра е Pakkuman, според ономатопејата pakku pakku под која Јапонците подразбираат јадење. Кога легендарната „јадачка“ игра требало да се пробие на европскиот пазар го добила името Puck Man, но кога дошол на ред американскиот пазар била повторно прекрстена, овој пат во Pac-Man. Причината бил стравот дека во секојдневниот говор буквата Р кај името Puck Man ќе се заменува со буквата F.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Tetris

Тетрис е личниот избор на иноваторот на една од најзаразните игри на сите времиња, Русинот Алексеј Пајитнов. Името е спој на зборовите тетромино и тенис. Тетромино е геометриска форма составена од четири квадрати, а тенисот бил омилениот спорт на Пајитнов.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Grand Theft Auto

Играта требало да се вика Race ‘n Chase, а играчот можел да бира дали сака да биде криминалец или полицаец. Ваквиот концепт на играта не бил пуштен во продажба, по што бил создаден нов во кој играчот може да биде единствено криминалец. Оттаму и денешното име на играта.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Donkey Kong

Наводно играта требало да се вика Monkey Kong (kong е јапонски назив за мајмун), но поради недоразбирање била крстена Donkey Kong. Има и една друга приказна според која сегашното име било свесно избрано од страна на дизајнерот кој сакал на својот карактер да му даде име кое ќе ја отсликува неговата тврдоглавост и глупавост.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Halo

Дизајнерите играта прво ја наркувале Solipsis, според името на планетата каде што се случува дејството. Подоцна ја прекрстиле уште неколку пати, пред да застанат на Halo, име инспирирано од некаков прстен од новелите на авторот Иан М. Бенкс.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Yar’s Revenge

Една од најпродаваните игри на Атари, името го добила според директорот на компанијата Реј Казар. Неговото име читано во обратен редослед го дало името на главниот јунак, а анаграмот од неговото презиме е името на планетата од која што доаѓа малиот инсект во играта.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Final Fantasy

Дизајнерот Хиронобу Сакагучи направил мала пауза од факултет за да поработи на оваа игра за која не верувал дека ќе постигне успех. Планирал да проба уште овој пат, очекувајќи нов неуспех пред да се врати на училишните обврски, па затоа ја крстил Final Fantasy. Останатото е историја.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

The Legend of Zelda

Зелда е принцезата која јунакот Линк се обидува да ја спаси. Крстена е според сопругата на американскиот писател Ф. Скот Фицџералд.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Metroid

Името доаѓа од два збора: метро – кое алудира на подземјето во кое се случува дејството, и андроид, кој се однесува на главниот јунак – робот.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

Guerilla War

Guerilla War e името кое се употребувало само за американскиот пазар. Играта излегла во 1987 година, во време кога Студената војна сè уште не била завршена, па разбирливо е што американските дистрибутери не дозволиле таа да се продава под оригиналното име Guevarra. Се разбира, двајцата главни јунаци биле водачите на Кубанската револуција Ернесто Че Гевара и Фидел Кастро.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар