Како се смеете на интернет? Внимавајте, тоа кажува нешто за вас

Начинот на кој се смеете онлајн може да значи нешто. Еве што мислат другите врз основа на вашиот стил на онлајн-смеење.

Како се смеете на интернет? Внимавајте, тоа кажува нешто за вас

1. haha – Забележав дека кажа нешто што би требало да е смешно, ама мене не ми е баш.

2. haha. – Воопшто не ми е смешно и не ми се смее, ама ајде ќе ти го направам ќеифот (алтернативно: Те мразам.)

3. haha! – Пријатно сум изненаден/а што си способен/на за културен хумор.

4. ha ha ha – Многу смешно кретену глуп. Ме нервираш.

5. Ha – Побесна не сум била во живот.

6. ha. – Знаев! Знаев! Навистина е досадно да си нонстоп во право, ама ете, пак бев.

7. hah – Не беше лошо ама веќе сум премногу изморен за да продолжам да куцам.

8. haaaaaa – Згрозена сум, но не сум изненадена.

9. hehe – Јас сум средновековен самопрогласен уметник кој е среќен што го откри Reddit.

10. hehehe – Реков нешто што требаше да биде демек сексуално, ама сега сфаќам дека можеби не го ставив тоа јасно до знаење, па ќе ти пуштам насмевка за да ти го одвлечам вниманието од тоа.

11. heh heh – Оптимистичен сум во врска со моите зли планови.

12. muahaha – Многу сум оптимистичен околу моите зли планови и можно е да сум навистина зла личност.

13. Heehee – Направив нешто благо расипано.

14. hahaha – Тоа беше смешно! Стварно се смеев или барем се насмевнав и сум малку посреќен од пред малку.

15. ahahaha – Исто како „hahaha“ само малку сум збунет од насмевкава. Истото важи и за „bahaha“ и „gahaha“.

16. hahahaha(итн.) – Тоа што го кажа е навистина смешно или е малку смешно ама сакам да имам секс со тебе па се правам дека умирам од смеење.

17. haha…. – Иди е*и се.

18. HAHA – Се насмеав гласно и баш така звучеше.

19. HAHAHA – Буквално се смеам ко луд/а.

20. HAHAHAHAHAHAHA(итн.) – Ме фаќа паника дека никогаш нема да престанам да се смеам.

21. lol – Не чувствувам ништо и би сакал разговоров да заврши што побргу (или: Тоа беше демек смешно… како и да е.)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mans Reply

    gluposti

  2. Bobi Reply

    A ovoj tip smeenje:
    “hhhhhhhhhhhhhh”

Остави коментар