Како се менува изгледот на луѓето во текот на денот?

Секое утро, илјадници луѓе трошат многу време на подготовка за претстојниот ден. Резултатите се различни, но едно е јасно: Изгледот на човекот драстично се менува како што изминува денот. Сигурно и вие сте забележале дека не изгледате исто наутро кога ќе се разбудите и навечер кога веќе поминал денот, без оглед на тоа дали се шминкате или не.

Како се менува изгледот на луѓето во текот на денот?

Оваа идеја го привлекла вниманието на фотографката Барбара Ајвиенс од Белгија, која решила да ги покаже метаморфозите што може да се случат во текот на 24 часа преку проектот што го нарекла „7 наутро – 7 навечер“ (7 AM – 7PM). За таа цел таа фотографирала неколку луѓе наутро и навечер и некои од нив всушност подобро изгледаат веднаш штом се разбудиле! Погледнете ги фотографиите и направете го и вие овој експеримент…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар