Како остригите создаваат бисери?

Сподели

Природниот бисер го започнува својот живот во школката на остригите кога некој натрапник, зрно песок или парче храна која плови ќе се протне во нивната внатрешност, односно во заштитната облога која ги прекрива нивните органи.За да се заштити од иритација, остригата набрзина започнува да го прекрива непосакуваниот посетител со неколку слоеви минерална супстанца. И така, слој по слој, полека се обвиткува зрното песок сè додека не се формира иридисцентен бисер.

Реклама

Вештачките бисери се направени на истиот начин. Единствената разлика е тоа што наместо случајни околности, „фармерот на бисери“ намерно вметнува зрно песок директно во заштитниот слој на мекотелите.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира