Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња?

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња?

Именувањето на брендот е форма на уметност. Името треба да биде привлечно и незаборавно. Успешните компании како Гугл и Кока-кола направија вистински избор. Но, како настанале овие имиња?

Кока-кола

Најпознатиот газиран пијалак во историјата своето име го добил според листот кока (coca) и оревот кола (kola). Фармацевтот Џон Пембертон е творецот на првата серија на сирупот Кока-кола во 1886 година. Името на сирупот го предложил Френк Мејсон Робинсон, бизнис партнер на Пембертон. Тој латиничното „k“ го заменил со „c“, мислејќи дека така ќе изгледа подобро. На тој начин настанало познатото лого Coca–Cola. Но Кока-кола не станала веднаш хит. Во првата година од нејзиното производство просечно се продавале по 9 шишиња дневно. Во 1888 година Пембертон го продал својот бизнис непретпоставувајќи го огромниот потенцијал на она што го создал.

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

Гугл

Најголемиот пребарувач го добил своето име според зборот „Гугол“ (googol), што всушност претставува огромен број кој најдобро би се опишал како бројот 1 проследен со 100 нули. Постојат различни приказни како од Гугол настанал Гугл, но официјалната приказна била објавена од компјутерскиот научник Дејвид Колер. Коосновачите Лари Пејџ и Сергеј Брин го формирале пребарувачот познат како „BackRub“ кога во 1997 година размислувале за промена на името. Еден нивни колега го предложил „googolplex“, но Пејџ го скратил името на „googol“. Кога неговиот колега пребарувал дали името е достапно, тој погрешно го напишал зборот и го добил „Google“.

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

Најк

Спортската компанија Најк е именувана според грчката божица на победата прикажана со раширени крилја. Компанијата била основана во 1964 година и во тоа време се викала „Blue Ribbon Sports“. Еден од вработените, Џеф Џонсон, тврдел дека дизајнот за логото го видел на сон. По долго расправање околу името, најпосле во 1978 година Џонсон одлучил дека Најк звучи подобро од втората опција која гласела „Димензија шест“ (Dimension Six).

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

Старбакс

Гордон Букер, еден од основачите на Старбакс, ги советувал своите колеги дека зборовите кои почнуваат со буквите „st“ звучат многу помоќно. Така тој направил список на зборови кои почнуваат на „st“. Во тој период тимот разговарал за еден рудник во Вашингтон кој се викал Старбо (Starbo). Тогаш Букер помислил на Старбак, најдобриот пријател на капетан Ахаб во романот „Моби Дик“. Така Старбакс го победил второто можно име за оваа компанија кое гласело „Карго куќа“ (Cargo House).

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

Амазон

Џеф Безос својата онлајн компанија прво ја нарекол Кадабра (како дел од абракадабра). Кога му го соопштил името на неговиот адвокат, тој го прашал зошто би сакал да си ја нарече компанијата така? Безос сфатил дека ќе мора да го смени името и се сложил тоа да биде Амазон заради две причини: прво затоа што името навестувало колку голема може да стане компанијата и бидејќи тоа ќе го доведел сајтот при врвот на ранг листите, кои во тоа време се правеле по азбучен редослед.

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

Твитер

Според коосновачот на оваа социјална мрежа, Џек Дорси, нејзиното прво име било „Stat.us“. Дорси изјавил дека тимот сакал име кое најмногу ќе одговара на зуењето низ цел свет, па така дошле до името „twitch“, но Дорси сметал дека ова име не ја доловува вистинската замисла. Тој го пронашол зборот Twitter (црцори) во речникот и сфатил дека овој збор совршено одговара на неговата идеја.

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

Доритос

Фрито-Леј, компанијата која го произведува познатиот чипс, го преведува името Доритос од шпански јазик како „мали парчиња злато“. Арч Вест, извршниот директор на Фрито-Леј, ја добил идејата за Доритос во 1964 година, додека бил на одмор. Тој купил ќесичка препечени тортиљи од еден локален ресторан во Калифорнија. Кога се вратил на работа веднаш смислил име за крцкав пченкарен чипс со шпански призвук.

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

Доминос

Во 1960 година Том Монаган и неговиот брат купиле пицерија во Мичиген и ја нарекле Доминикс (DomiNick’s). Бизнисот одел добро, па Монаган купил уште две локации. Оригиналниот сопственик на пицеријата, чие име било Доминик, не сакал неговото име да се користи во проширувањето на бизнисот и заради тоа Монаган морал да го смени името. Името Доминос случајно го предложил еден вработен во пицеријата, додека завршувал со доставата. На Монаган му се допаднало името и веднаш потоа го смислил и логото на кое се наоѓаат домино коцки, на кои Монаган додавал уште една точка секогаш кога ќе отвори нова пицерија. Како што самиот вели, тогаш не размислувал на интернационалниот синџир кој го поседува денес.

Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар