Како изгледале познатите во нивните алманаси?

Познатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот.

Приложени со слика од нивниот годишен алманах од средно или основно училиште, прочитајте кои од познатите фаци, кои се денес актери или пејачи, удирале на тапани, се откажале од школо, ги бивало за спорт, сакале да имаат мртовечница или отсекогаш биле она што се денес. :)

Анџелина Џоли

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Таа не била баш во поштенскиот број 90210 (како во популарната ТВ серија Беверли Хилс), туку во 90212, но Енџи сепак завршила во средното училиште во Беверли Хилс. Сликата е фотографирана во 1991, кога Анџелина Вот (Џоли е нејзиното средно име) била втора година средно и сонувала дека кога ќе порасне ќе стане актерка или ќе има свое погребално претпријатие! Молам?!

Бијонсе

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Фотографијава е направена во 1995 година кога Бијонсе била осмо одделение во училиштето „Велш“ во Хјустон и веќе била на вистинскиот пат за постанување музичка ѕвезда. Во оваа година, Бијонсе веќе била член на ар-ен-би бендот, кој подоцна ќе стане „Destiny’s Child“.

Бред Пит

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Пред да биде прогласен за најсекси маж кој некогаш се родил во магазинот „Пипл“, Бред бил прогласен за најдобро облечен ученик во средното училиште „Кикапу“ во Спрингфилд, Мисури и отсекогаш имал многу девојки.

Бритни Спирс

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Тоа е малечката верзија од Бритни, кога таа била осмо одделение во католичкото училиште „Академија Парклејн“, во Мисисипи, а е фотографирана во 1996 година, кога била изгласана за омилена во класот.

Камерон Дијаз

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Камерон е фотографирана во 1988 година, кога била втора година во средното политехничко училиште „Лонг Бич“, во Лонг Бич, Калифорнија. Заборавете ја оваа чудна фаза од животот на русокосата бомба, бидејќи на 16-годишна возраст таа веќе била успешна манекенка.

Кортни Кокс

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Кортни е фотографирана во 1980 година, кога била втора година, во средното училиште „Маунтин Брук“ во Бирмингем, Алабама, каде ѕвездата на „Градот на пумите“ била пливачка и тенисерка.

Ева Лонгорија

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ова е преубавата Ева во 1992 година, кога била прва година средно во училиштето „Рој Милер“. Во овој период таа удирала на тапан во марширачки бенд и имала трајна фризура.

Хали Бери

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ова е Хали Бери, фотографирана за нејзиниот годишен алманах од завршната средношколска година во 1984 г., во „Бедфорд“, Охајо. Во средно, Хали била мажоретка, претседател на клас и кралица на матурската прослава.

Хју Хефнер

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ова е сопственикот на „Плејбој“ фотографиран во 1944 година. Тој матурирал во средното училиште „Стајнмец“ во Чикаго. Контроверзниот Хефнер имал ултраконзервативни родители. Тој бил претседател на училишниот совет во средно. Не само што таму ги развивал неговите лидерски способности уште како тинејџер, туку очигледно отсекогаш имал интерес и за публикување, бидејќи тој го основал школскиот весник.

Џејк Гиленхал

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ооо, тоа е малиот Џејк, фотографиран во 1993 г., кога бил седмоодделенец во училиштето Харвард-Вестлејк во северен Холивуд, Калифорнија. И покрај тоа што тој одел на аудиции за филмски улоги уште додека бил во средно, неговите родители не му дозволувале да прифаќа работа, која може да му го одвлече фокусот од учењето. Тогаш ги мразел поради тоа, но денес им е многу благодарен.

Џенифер Анистон

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Џенифер е фотографирана во 1987 година во нејзината последна година во средното музичко и уметничко училиште Ла Гвардија во Њујорк. Други познати поранешни ученици во ова школо биле и Ал Пачино, Роберт де Ниро, Сара Мишел Гелар… И покрај тоа што Анистон изгледа како некое мирно девојче на фотографијата, таа има изјавено за таблоидот „Пипл“ дека нејзиниот средношколски имиџ вклучувал фризура во мохакински стил и многу туш за очи.

Џенифер Гарнер

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Пред да стане г-ѓа Афлек или најинтересниот шпион виден на ТВ во серијата „ Alias“, Џенифер, која на фотографијава направена во 1986 г. била осмо одделение, свирела на саксофон во училишниот бенд во школото „Џон Адамс Џуниор“, лоцирано во Чарлстон, Западна Вирџинија.

Кети Пери

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ова е Кетрин Хадсон, денешната Кети Пери, кога била прва година во средното училиште „Дос Пуеблос“ во Голета, Калифорнија, во 2000-та. Наредната година, кога Кети имала 16 г., се откажала од училиште и го напуштила нејзиниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, за да почне да ја негува нејзината музичка кариера во Лос Анџелес.

Канје Вест

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Канје, на фотографијава направена во 1994 година, бил прва година средно, во училиштето за индивидуална едукација „Поларис“ во селото Ок Лан, во Илионис. Тој бил доста добар ученик, а тоа го изјавил и за MTV: „Добивав само 5-ки и 4-ки и не се правам фаца со тоа“ – вели тој.

Ким Кардашијан

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Луѓето ширум светот се обидуваат секојдневно да го следат животот на популарната џетсетерка Ким, уште откако била многу млада. Оваа фотографија е направена во 1997, кога таа била прва година средно во училиштето Меримаунт. Таа има еднаш изјавено за магазинот „Севнтин“ дека била помеѓу најпопуларните во средно школо, но била фино девојче. Нејзините најдобри другарки биле сестра ù и бубалиците.

Лејди Гага

Како изгледале познатите во нивните годишни алманасиКако изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ова е Лејди Гага, во 2004 година на алманахот во завршната средношколска година во женското училиште „Sacred Heart“ во соседството Апер Ист Сајд во Њујорк, каде таа вели дека се вљубила во музичките претстави. Контроверзната пејачка, очигледно била многу чесна тинејџерка.

Леонардо Дикаприо

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ова е фотографијата на Лео направена во 1991 г. во неговиот алманах кога бил втора година средно, во лосанџелешкиот центар за талентирани деца. Во средношколските денови тој веќе бил вработен актер, кој ги нервирал и плашел професорите кога го имитирал страшниот убиец Чарлс Менсон.

Натали Портман

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Ова е Натали Портман, тогашна Натали Хершлаг, на алманахот во нејзината завршна година во училиштето „Сајосет“, во Сајосет, Њујорк. Таа била ученичка со сите 5-ки и стигнала до полуфинале во престижен средношколски натпревар по наука и технологија.

Том Круз

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Фотографиран во 1980 година, Том Круз, по сè изгледа, отсекогаш имал насмевка вредна милион долари. Ова е фотографија од неговиот годишен алманах од завршната средношколска година во училиштето „Глен Риџ“ во Њу Џерси, кога се викал Том Мепотер. Том уште додека бил во средно училиште го „фатиле бубачките“ за глума, па дури ја играл и главната улога во школската претстава „Guys and Dolls“ (Момци и кукли).

Метју Меконахи

Како изгледале познатите во нивните годишни алманаси

Со својот откачен ретро изглед и „опасна“ фризура, Метју Меконахи очигледно бил јако фраерче уште од средно, со оглед на фактот дека во втора година, во 1986 г. во училиштето „Лонгвју“ во Тексас, бил прогласен за најзгодниот ученик, во годишниот алманах.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. bubeto Reply

    Ama jaki faci bile :D:D

  2. А. Стоименов Reply

    Одлична статија што онака ме расположи. Ама ја видовте Гага? WTF? Сега значи само почнала да се уништува. :)

  3. donika Reply

    haha lady gaga :)

  4. vaska Reply

    jak i se nema so neli manu

  5. angel4e Reply

    najubava bese GaGa

  6. Angela Reply

    Tom Cruise vsusnost pred da gi sredi zabite imal edna najgrdite nasmevka sto sum gi videla. Mnogu, mnogu krivi zabi!

Остави коментар