Како изгледале некои од најпознатите видови овошја и зеленчуци пред луѓето да ги култивираат?

На сите ни е познато дека домашните животни биле припитомени од диви видови. Но што е со растенијата? Во продолжение погледнете како изгледале некои од најпознатите овошја и зеленчуци пред илјадници години и пред луѓето да почнат да ги одгледуваат.

1. Лубеница

(1)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Предците на модерната лубеница биле пустински растенија со овошје. Тие имале сунѓереста, бела и многу горчлива пулпа. Пустинските Бедуини правеле леб од мелените семки, а маслото од семките го користеле како лек и за производство на сапун.

2. Банана

(2)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Бананата е ран пример за припитомено растение. Дивите банани имаат многу тврди семки и дијаметар до 6 милиметри. Милиони луѓе во земјите во развој ги користат зелените незрели банани за готвење. Тие може да бидат пржени, варени, печени, а понекогаш се користат и за вино и пиво од банана. Имате пробано варена банана?

3. Модар патлиџан

(3)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Оригиналниот модар патлиџан всушност е плевел кој расте покрај патиштата и е отровен за домашните животни. Модерните модри патлиџани имаат виолетова боја, но има и бели овални модри патлиџани кои наликуваат на јајце.

4. Морков

(4)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Дивиот морков бил припитомен најмногу за неговите семки и листови, а и денес се смета за корисна тревка. Ги привлекува осите и пеперутките и го зголемува производството на домати кога е засаден до нив. Портокаловите моркови кои ни се познати денес, се појавиле во Холандија дури во 17-тиот век.

5. Пченка

(5)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Пред припитомувањето, пченките биле долги само 25 милиметри и имало само по една пченка на секое растение. Иако денес ни е позната класичната жолта пченка, постојат и некои видови со разни боја кои изгледаат навистина интересно.

6. Домат

(6)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Доматите ја промениле својата големина, боја и вкус откако биле припитомени. Но, некои диви видови сè уште се консумираат од страна на Абориџините бидејќи се добар извор на калиум и витамин Ц.

7. Јагода

(7)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Дивите јагоди се мали, но вкусни бобинки со многу убава арома. Оваа арома се изгубила низ годините на култивирање.

8. Компир

(8)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk

Пред (лево) и потоа (десно)

Компирите на левата фотографија потекнуваат од Јужна Америка. Тие растат во разни форми, бои и текстури, додека ние ги користиме оние „обичните“. Постојат неколку организации во Јужна Америка кои не само што ги одржуваат видовите во живот, туку сакаат и да ги промовираат низ целиот свет. Па кој знае, можеби еден ден ќе ги најдеме и на нашите пазари.

Селективното одгледување во период од стотици години многу ја променило храната која ја јадеме. Користењето на генетски инженеринг поттикнува многу прашања, но сигурно прави голема разлика. Кој знае какви овошја и зеленчуци ќе одгледуваме за 20 години. Како ќе изгледа храната во иднина, и дали би ни се допаднале промените?

Прочитајте ги и овие неверојатни факти за храната.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар