Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Во сите земји од светот постојат легенди за духови, но сите тие се разликуваат едни од други. Некои се невидливи, некои се страшни и сурови. Приказните за духови се создаваат со цел да се даде одговор на вечните прашања: Дали постои живот после смртта? Дали душата го напушта телото? Дали живите можат да комуницираат со мртвите? Секоја култура има свој одговор на овие прашања. Во продолжение прочитајте какви духови „постојат“ во различни земји ширум светот…

Гјенгангер (The gjenganger)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Гјенгангер е дух од скандинавскиот фолклор кој изгледа исто како нормалниот жив човек. Ужасниот гјенгангер ги убива луѓето со тоа што ги штипе. По штипнувањето жртвите стануваат сини и телото полека почнува да им скапува, а срцето да им се распаѓа. Не звучи баш интересно, се согласувате?

Тојол (The toyol)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Во Малезија и Индонезија постои легенда за мртов фетус кој бил оживеан со помош на црна магија. Тојолите личат на мали зелени гоблини со црвени очи кои работат за нивните господари и извршуваат ситни кражби и други слични криминални чинови. За да ја задржат нивната лојалност, господарите им даваат на тојолите млеко, мали подароци, а понекогаш и нивната сопствена крв. Тојолите исто така сакаат да цицаат крв од прстите на стапалата на луѓето додека спијат.

Попобава (The popobawa)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Попобава доаѓа од островот Пемба во Танзанија. Овој зол дух напаѓа навечер и сексуално ги злоупотребува жртвите, особено мажите. Многу мажи од страв не спиеле по цели ноќи или се мачкале со свинска маст бидејќи мислеле дека на тој начин ќе се заштитат од духот.

Красуе (The krasue)

Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Красуе е женски дух присутен во фолклорот на многу земји од југоисточна Азија како што се Тајланд, Камбоџа, Лаос, Индонезија и Малезија. Според тајландската легенда красуе била принцеза која изгорела до смрт. Како дух, се појавува само нејзината глава што лебди над распаднатите органи и напаѓа навечер со тоа што ја цица крвта и органите од животните и луѓето. Честопати напаѓа бремени жени. Красуе е главна инспирација за голем дел од азиските хорор филмови.

Продолжете на следната страница за останатите застрашувачки легенди…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар