Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Фотографот Паскал Манаертс во ноември 2014 година патувал во Дака за да го истражува местото Хазарибаг каде што се сместени многу фабрики за кожа. Покрај тоа, тоа се смета и за еден од најзагадените региони во Дака, па воопшто и во светот. По трагичниот пад на зградата Рана Плаза (каде што се шиела евтина облека за западни брендови), во 2013 година кога настрадале 1.129 луѓе, Паскал одлучил и самиот да се увери со што секојдневно се среќаваат работниците во фабриките и колкава е нивната изложеност на опасност.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Имено, Хазарибаг има повеќе од 185.000 жители и претставува регион во Дака, главниот град на Бангладеш, кој истовремено е и една од најсиромашните земји во светот.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Фабриките за кожа се главниот извор за работа на населението, а овде вработените често се платени и помалку од два долари на ден.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Овде не работат само возрасните, туку и децата поминуваат неколку часа на ден.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Ова е против Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето, каде што се наведува дека Владата мора да ги заштитува децата под 18 години од економска експлоатација и работа која е опасна или може да им наштети на нивното здравје и развој.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Фотографот Манаерт истакнува дека речиси сите работници работат без никаква заштита на рацете, дури и кога ракуваат со опасни хемикалии. Тука работодавачите не нудат ракавици или каква било заштитна опрема.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Секојдневно се фрла многу отпад од страна на фабриките затоа што користат застарени методи на производство.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Многу болести не се третираат поради трошоците кои се потребни за лекување, а платите се многу ниски.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Работниците и нивните семејства често живеат во мали соби кои се наоѓаат крај фабриките. Покрај сѐ, тие се обидуваат да останат насмеани.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Жените овде имаат работа да го чистат и класифицираат пластичниот отпад од реката во замена за многу малку пари.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Летните температури во Бангладеш се движат од 30 до 40 степени Целзиусови, па можете да замислите какви услови за работа имаат овие жители.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

Владата во Бангладеш сѐ уште не го признава правото на здравство на работниците и покрај меѓународниот закон кој бара од нив да преземат разумни чекори за здравјето на граѓаните кои се наоѓаат на нејзината територија.

Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар