Како изгледа совршената љубовница?

Најважно е какви жени бираат мажите за нивни долгогодишни партнерки со кои ќе стапат во брак и ќе го делат животот. Но, не помалку важно е и каков е профилот на љубовниците со кои мажите најчесто изневеруваат.

Како изгледа совршената љубовница?

Според едно истражување спроведено на Универзитетот Стерлинг во Велика Британија, мажите ги изневеруваат своите жени со дами кои изгледаат секси и женствено. Ова во превод значи дека тие сакаат полни образи, мала вилица, тенок струк и облини, што нив ги асоцира на виталност, здравје и младост.

Магнетската привлечност која е присутна помеѓу жените со специфични црти на лицето и мажите кои изневеруваат е во голем дел поврзана со нивото на естроген, што во очите на партнерот ја прави жената плодна и примамлива. Очигледно и неизненадувачки е дека згодните жени имаат поголеми шанси да привлечат и освојат оженети мажи.

Уште една занимлива информација е дека некои претходни истражувања имаат покажано дека кога жените изневеруваат, тие избираат мажи со појаки и мажествени црти на лицето.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар