Како интернетот влијае врз младите умови?

Како интернетот влијае врз младите умови?

Според едно ново истражување со кое се проучувале 134 студии на оваа тема, не постојат никакви докази дека умереното користење на интернетот може да им наштети на умовите на адолесцентите. Всушност, резултатите го покажале токму спротивното. Овој извештај кој бил објавен во журналот „Трендови во когнитивната наука“ ни открива дека постојат придобивки при нормалната употреба на интернетот. Голем дел од проучуваните ефекти кои интернетот ги има на мозокот биле базирани врз студии кои истражувале прекумерна употреба на интернет, а тие вклучувале само 5% од адолесцентите.

Како влијае интернетот врз младите умови?

Перцепцијата дека употребата на интернетот го уништува вниманието кај младите луѓе е многу распространета:

„Од 2.462 наставници и професори кои биле испитувани во овие студии, 87% сметале дека широката распространетост на интернетот создавала нови генерации кои немаат способност за одржување на нивното внимание, додека пак 88% верувале дека денешните ученици покажуваат фундаментално различни когнитивни способности поради дигиталната технологија покрај која растат,“ вели Милс.

Едноставно нема цврсти докази дека интернетот предизвикува каква било штета врз когнитивните моќи на младите или во кои било други аспекти од нивниот развој. Всушност, ова истражување открило дека постојат и придобивки од користењето на интернетот. На пример:

  • Повисокото користење на интернетот помеѓу 14 и 24-годишните личности е поврзано со поголемо учество во реалните секојдневни активности, како одењето во клуб или спортувањето.
  • Комуницирањето со пријателите преку интернет покажало подобрување на социјалниот живот кај адолесцентите.
  • Да се биде дел од голема поврзана мрежа може да им помогне на луѓето да решат одредени проблеми.

Што се однесува до „зависноста од интернетот“ Милс вели:

„Во овие 25 години од кога постои интернетот, нашиот начин на интеракција со другите луѓе, како и целата наша колективна историја комплетно се променија. Доколку сакаме успешно да се движиме во овој свет, мора да научиме нови вештини кои на некаков начин ќе се одразуваат врз нашата неврална архитектура. Но, моментално нема доказ кој сугерира дека интернетот има или нема изразени ефекти врз развојот на мозокот.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар