Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме? - Part 2

Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?

7. Збунувачки е

Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?

Постојаниот 24-часовен циклус од вести може да има негативно влијание на нечие мислење за Интернетот. Веројатно луѓето ја губат способноста правилно да ги филтрираат информациите. Колку повеќе се потпираме на технологијата и на дотокот информации што потекнува од неа, толку помалку можеме да се фокусираме на она што е важно. Односно, нашиот ум е привлекуван од она што е ново, наместо од она што е важно.

8. Ја намалува писменоста

Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?

Интернетот има милијарди веб-сајтови, па корисниците најчесто ги добиваат информациите во пишана форма. Но со почестото користење на Интернет се намалува времето за читање. Некои експерти сметаат дека „литературната култура“ е загрозена. Историчарот на наука Џорџ Дисон смета дека кога-тогаш книгите ќе завршат каде што почнале – заклучени и употребувани само од неколкумина.

9. Нè претвора во „луѓе палачинки“

Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?

Интернетот може да ги поврзе сите луѓе на Земјата во еден ум. Во некои случаи оваа поврзаност е добра бидејќи им нуди на луѓето нови перспективи и знаење. Но, од друга страна нè прави палачинки – растргнати низ целата мрежа информации. Кога постојано следите неколку извори на информации, можно е да имате познавање за многу работи, но нема да бидете експерт за ниту една.

10. Ја намалува важноста на самотијата

Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?

Додека Интернетот е одличен лек за осаменоста, тој ги охрабрува луѓето да поминуваат сè помалку и помалку време сами со себе. Самотијата ни помага да размислуваме длабоко, да го изградиме нашето знаење и да размислиме за нашите постапки и одлуки.

11. Нè охрабрува да размислуваме на глас

Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?

За добро или за лошо, луѓето го користат Интернетот како дигитален микрофон и ги споделуваат нивните внатрешни монолози без разлика какви се. Во просек, дневно се споделуваат 3 трилиони зборови онлајн, па Интернетот ги претвори сите во писатели.

12. Ни ја зголемува „амбиенталната свест“

Како Интернетот го менува начинот на којшто размислуваме?

Амбиенталната свест е Интернет феномен во кој сте свесни за туѓите постапки, мисли и искуства без да бидете физички до нив или да побарате такви информации. Секогаш кога некој ќе прочита нечиј статус, ќе види нечие селфи или ќе изгледа нечие видео, ја зголемува неговата амбиентална свест. Овие мали информации ни помагаат да сфатиме како се чувствуваат нашите пријатели, слично како говорот на телото кај интеракцијата во живо.

Бидејќи сигурно и вие редовно користите Интернет, добро е да ги знаете овие едноставни совети за онлајн безбедност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар