Како интелигентните луѓе зборуваат за себе?

Можеби сте ја прочитале јавната изјава на Доналд Трамп на Твитер за неговата супериорна интелигенција. Ова се зборовите на интелигентниот претседател на САД:

„Во текот на целиот живот, моите 2 најважни позитивни карактеристики биле менталната стабилност и тоа што сум навистина многу паметен. Нечесната Хилари Клинтон исто така играше на овие карти, но како што сите знаат, потфрли во подвигот. Јас од МНОГУ успешен бизнисмен станав најголема телевизиска ѕвезда, за на крајот да станам претседател на САД (од прв обид). Мислам дека тоа не се смета за паметен човек, туку за генијалец… И тоа стабилен генијалец!“

Како интелигентните луѓе зборуваат за себе?

Овој твит го испровицирал новинарот Џејмс Фелоус кој многу добро ги познава славните интелигентни луѓе. Тој има направено интервјуа со добитници на Нобелова награда, американски претседатели и експерти за технологија, како што се Бил Гејтс, Стив Џобс и Елон Маск. Според ова, би можело да се каже дека тој знае како интелигентните луѓе зборуваат за себе.

Од негово искуство, Фелоус тврди дека паметните луѓе ги покажуваат следниве 3 карактеристики:

1. Свесни се дека имаат висок коефициент на интелигенција. Животот и другите луѓе ги научиле на тоа. Тие забележале дека додека тие со леснотија се справуваат со интелектуалните предизвици, на останатите им е многу тешко да го сторат истото, без разлика дали станува збор за играње шах, пишување или решавање некој бизнис проблем.

2. Буквално никој од нив не го кажува тоа гласно, ниту пак има потреба да го спомене. Најбрилијантните луѓе не се претставуваат себеси на тој начин што кажуваат колку се паметни. Големите умови немаат потреба да го кажат тоа. Тоа би било исто како Роџер Федерер да се претстави со зборовите „Знаете, јас сум многу талентиран“, или Мерил Стрип да праша „Сте ги виделе моите награди?“ Постојат неколку исклучоци на талентирани луѓе кои намерно го потенцираат тој факт. Мухамед Али е еден од нив. Тој постојано велел дека е „најдобар“ и навистина било така.

3. Паметните луѓе знаат што не знаат. Ова е најголемиот знак на вистинска интелигенција. Колку подобра е човечката способност да набљудува и проценува толку поверојатно е дека тој човек ќе ги препознае своите граници.

Како интелигентните луѓе зборуваат за себе?

Интелигентните луѓе се свесни за нивните недостатоци и не се срамат да ги признаат. Тие секогаш ги признаваат нивните слабости, како што се слабите комуникативни вештини, музичката неталентираност, фактот дека подобро се снаоѓаат со бројки отколку со зборови и обратно и вистината дека ниту еден поединец не може да знае сѐ.

„Луѓето кои сериозно читаат книги се вчудовидени од знаењето што го содржат книгите кои засекогаш ќе бидат надвор од нивниот дофат. Тоа е како да гледате во ѕвездено небо“, напишал Фелоус.

Секако дека постојат исклучоци, но вистина е дека најголемиот знак на интелигенција е свесноста за своите граници и незнаење. Во повеќето случаи, луѓето кои се премногу интелигентни не мораат да го изјават тој факт, тој се открива природно со текот на времето и останува откриен за сите да го видат.

Паметните луѓе многу ретко зборуваат за нивната генијалност. Високо интелигентните луѓе знаат дека е многу арогантно да им се соопштува на сите дека се интелигентни. Тоа може да ги оттуѓи луѓето од нив, бидејќи нема да се чувствуваат пријатно во друштво на човек кој е очигледно поинтелигентен од нив.

Зошто некој генијалец би сакал да го соопшти тоа јавно? Тоа несомнено би нѐ натерало да се посомневаме не само во нечија интелигенција, туку и во нечии социјални вештини и самодоверба.

Во продолжение прочитајте зошто интелигентните луѓе свесно одлучуваат да бидат асоцијални.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар