Како едноставно да направите сами лажен прозорец во визбата?

Доколку имате визба или подрум кои се мрачни бидејќи едноставно се опколени само со ѕид, тогаш можеби е време да направите мала промена во дизајнот – особено ако често ги користите овие простории. Во продолжение ви прикажуваме едноставен начин како да го осветлите овој темен простор со помош на лажен прозорец.

Ќе ви биде потребна рамка со големина 60х120 сантиметри, прекриена со акрил, малку скроб од пченкарно брашно, две ЛЕД светилки и завеса. Пченкарното брашно се нанесува на пластиката за да ја распрснува светлината, евтиниот пластичен калап е искористен да оддава впечаток на рамка од прозорец, додека завесите даваат чувство на пријатност.

Дали би погодиле дека ова е прозорец во визба?

Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?

Потребни ви се две ЛЕД светилки

Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?

Една рамка со акрилна прекривка која ќе служи како лажен прозорец

Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?

Скробот од пченкарното брашно се нанесува за распрснување на светлината низ пластиката

Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?

Завесата дава пријатна атмосфера

Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?

И за крај, пластичните калапи даваат впечаток дека се работи за прозорец

Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?

Конечниот резултат!

Како едноставно да направите лажен прозорец во визбата?

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар