Како дома да направите природен и здрав шампон?

Како дома да направите природен и здрав шампон?

Доколку сте загрижени поради опасните хемикалии во козметичките производи, тогаш зошто да не направите некој од нив дома? Помеѓу најопасните артикли за лична хигиена се шампоните, бидејќи поголемиот дел од нив содржат канцерогени супстанци, па затоа повеќето лекари предупредуваат за нивното негативно дејство.

Како дома да направите природен и здрав шампон

На многу едноставен и природен начин можете да направите здрав шампон за вашата коса, кој ќе биде подеднакво ефикасен колку и купечкиот.

Во сад за готвење ставете 250 мл дестилирана вода и оставете ја на оган додека не почне да врие. Потоа во водата додадете две лажици сушена камилица. Доколку немате сушена камилица можете да ставите 3-6 кесички чај од камилица. Покрај камилица можете да користите и чај од коприва, нане или жалфија.

Откако водата та ќе се обои, исцедете го чајот и вратете го во садот за готвење. Потоа додадете две лажици природен сапун, кој можете да го најдете во сите продавници каде што се продава природна козметика. Убаво измешајте за смесата да се соедини, па додадете една лажица билно масло (најдобро да употребите ладно цедено маслиново масло) и повторно измешајте. На крајот додадете 10 до 15 капки есенцијално масло по избор.

Шампонот кој го добивте чувајте го во сад кој може херметички да се затвора или во амбалажа од некој купечки шампон.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ansa Reply

    Znači čajot se proceduva i se vraća vo sadot za gotvenje, se stavaat ostanatite sostojki bez da zovrijat povtorno?

  2. sanja Reply

    ako se stava priroden sapun togas moze da se kupi prioden shampon od istata prodavnica.

Напиши одговор на sanja Откажи одговор