Како да знаете дека сте претерале со кафето?

Ако сте голем љубител на кафето и сакате секојдневно да го консумирате во поголеми количини, експертите советуваат да изберете кафе без кофеин, бидејќи и оваа алтернативна верзија на кафето е добра по здравјето и изобилува со антиоксиданси како и обичното кафе. Според последните истражувања, кафето е повеќе од добро за нашиот организам и целокупното физичко и психичко здравје. Но, како и со сѐ друго, така и со пиењето кафе треба да се има мера и да знаете кога всушност сте испиле повеќе од доволно.

Како да знаете дека сте претерале со кафето?

Повеќето возрасни кои пијат кафе консумираат околу 200 милиграми кофеин дневно, поточно една до две шолји во денот. Според научниците, горната граница на кофеинска консумација која не треба да ја преминуваме е 600 милиграми или пет до шест шолји кафе дневно.

Во долгогодишното истражување, чии резултати биле објавени во магазинот „Circulation“, учествувале повеќе од 200.000 испитаници. Се покажало дека луѓето кои пиеле од една до максимум пет шолји кафе во денот имале помал ризик од смрт предизвикана од срцеви проблеми, невролошки болести и самоубиство, а пиењето кафе не се поврзало со смртта предизвикана од карцином. А, што се случува ако пиеме премногу кафе? Истражувањето покажало дека долгорочното пиење шест или повеќе шолји кафе во денот може да го зголеми ризикот од срцев удар.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар