Како да владеете со вашата карма?

Оваа приказна нè учи дека никогаш не можете да ѝ избегате на реакцијата, односно кармата, доколку престанете да делувате. Сигурно секој од вас одвреме-навреме се запрашува колку вашите постапки им влијаат на другите и како тоа ќе се одрази врз вас, па токму затоа прочитајте ја оваа поучна приказна доколку сакате да го добиете вашиот одговор.

Како да владеете со вашата карма?

„Учителу, сè ми изгледа многу комплицирано“ – се пожалил еден ученик. „Гледам дека кармата и реинкарнацијата одат рака под рака, но кога ќе помислам на сите оние акции кои само еднаш во животот сум ги направил и кога ќе ги помножам со бесконечен број животи, се згрозувам. Интеракцијата на причините и последиците мора е бескрајна.“

„Така е“ – се сложил учителот. „Сè додека човекот се обидува да ја среди кармата во надворешниот свет, така е. Една желба води кон друга и тоа се случува до недоглед. Секоја желба мора да се исполни и секоја акција мора се спроведе до крај.“

Дури и тривијалните желби?“ – прашал ученикот збунето.

„Дури и тие“ – одговорил учителот. „Целата енергија која ја испраќаш, без разлика колку е слаба, со текот на времето мора да ти се врати назад.“

Ученикот ги подигнал рацете во очај: „Тогаш сè изгледа безнадежно. Тоа е како да се обидувам да ги смирам брановите во океанот!“

„Тоа е голема работа, се согласувам“ – одговорил учителот. „Но, сепак не е толку тешка како што ти изгледа. Запрашај се, што е тоа што ги предизвикува брановите да се појават? Ветер. Без ветрот, површината на океанот автоматски станува мирна. На сличен начин, кога илузијата на бура ќе се смири во умот, така акциите и реакциите на брановите во надворешноста автоматски ќе почнат да се смируваат. Токму затоа сè што треба да направиш е да ги смириш брановите во својот длабок ум со медитација, а потоа додека медитираш да се ослободиш од егото. Кога ќе престанеш да се сметаш себеси за извор на нештата, брановите од илузијата ќе продолжат да се подигнуваат и спуштаат надвор, но врз тебе нема да имаат никакво влијание.“

„Дали би ми помогнало…“ – прашал ученикот. „…доколку престанам со сите видови активности?“

„Па, ајде пробај!“ – се насмевнал учителот. „Брзо ќе сфатиш дека едноставно не е можно да престанеш да делуваш. Дури и самата одлука да се престане со делување би била еден вид проектирано его кон надворешноста, па со тоа и еден вид акција. Се запознав еднаш со еден човек кој беше нечист и облечен во партали, па го прашав зошто се облекува така бидејќи не е толку сиромашен. Тој горделиво ми рече дека се одрекол од сè, но јас го убедив дека тоа не е точно, дека тој повторно се врзал, само на друг начин и овој пат за неред.“

Оваа приказна нè учи дека никој не може да ѝ избега на акцијата, односно на кармата така што ќе престане да делува. Но, она што се препорачува е да се најде соодветно однесување во однос на вашата положба, каде што ќе делувате со одговорност. Токму затоа со сè она што ќе го правите, вие постепено ќе се ослободувате од врзаноста со кармата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар