Како да свртите страница од весник?

Овој неверојатен механизам, наречен „The Page Turner“, револуционерно ќе го промени читањето на вашиот весник. Отсега вие ќе можете спокојно да си читате, без притоа да треба да ги вртите страниците на весникот, бидејќи овој изум ќе го прави тоа за вас.

Како да свртите страница од весник?

Инвенторот Џозеф Хершер се занимава со кинетичка уметност и создава софистицирани системи кои извршуваат секојдневни работи благодарение на комплициран синџир од последователни реакции. Станува збор за креации кои се познати под називот „машините на Руб Голдберг“, благодарение токму на познатиот цртач, карикатурист и инженер Руб Голдберг, кој прв започнал да ги црта овие комплексни направи. Подоцна овој концепт почнува да се употребува во многу играни и цртани филмови. Со сигурност сите ја паметите комплексната машина која ќе ја создаде Том за конечно да го фати Џери?




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Животот е едноставен, зошто би го комплицирале?

Остави коментар