Како да составите листа со обврски според која ќе се придржувате?

Многумина практикуваат да ги запишуваат обврските што треба да ги извршат наредниот ден, но, колку тоа го почитуваат? Според еден стогодишен трик, тие прават нешто погрешно.

Трик кој ќе ви помогне да ги завршите навремено вашите обврски

Методот Ајви ли бил измислен во 1918 година и тој објаснува како да направите совршена листа со обврски. Според овој концепт, на крајот од секој ден треба да ги запишете 6-те најважни работи што треба да ги направите наредниот ден и да им дадете приоритет на оние што мора да се завршат. Во утринските часови започнете со првата задача, а не продолжувајте со наредната пред да ја завршите веќе започнатата.

Овој трик е корисен од неколку причини. Најпрво, тој ве принудува да им дадете приоритет на најважните дневни задачи, при што морате тој број да го ограничите и на нив да им го посветите потребното внимание. Потоа, тоа ви дава јасна почетна точка, односно знаете што треба да направите и од каде да започнете. Исто така важно е што се посветувате на една задача во еден момент, наместо да бидете расеани кон повеќе обврски одеднаш. На овој начин ќе имате и поголем успех во работата.

Па, размислете кои се вашите најважни задачи во текот на денот и почнете со средување!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар