Како да си направите чаши од пивски шишиња?

Доколку сте љубители на „направи сам“ туторијали, овој може навистина да ви се допадне. Чашите не се скапи да ги купите од продавница, но ако сакате да бидете креативни и да направите уникатни чаши од пивски брендирани шишиња, оваа задача би ви била интересна.

Убаво е да користите шишиња со потенко стакло и да изберете такви кои се дизајнирани директно на стаклото, а не на леплива хартија. Треба да бидете претпазливи кога ќе го изведувате процесот бидејќи ќе работите со заплива течност, но на скала од 1 до 10, би рекле дека овој туторијал има оценка 5 за степенот на опасност.

Можете да работите сами, но подобро би било ако сте двајца заради помагање.

Како да си направите чаши од пивски шишиња?

Потребно:
  • Празни, чисти, отворени стаклени шишиња со тенко стакло
  • 100% ацетон
  • Волница
  • Шмиргла
  • Запалка
  • Мијалник наполнет со студена вода
  • Натопена крпа со вода во случај на незгода
Инструкции:

1. Земете парче волница и замотајте го неколку пати околу делот од шишето каде што сакате да биде врвот на чашата. Прицврстете го убаво и потоа извадете го лизгајќи го нагоре.

Како да си направите чаши од пивски шишиња?

2. Потопете го во ацетонот и оставете го 20-30 секунди. Потоа вратете го на шишето. Наместете го убаво, гледајте да биде право поставено бидејќи од ова зависи ефектот на чашата.

Како да си направите чаши од пивски шишиња?Како да си направите чаши од пивски шишиња?

3. Свртете го шишето хоризонтално. Запалете ја волницата кај чворчето и постојано вртете за да се загрева шишето подеднакво од сите страни.

Како да си направите чаши од пивски шишиња? Како да си направите чаши од пивски шишиња?

4. На крајот потопете го шишето во мраз ладната вода и горното парче ќе отпадне самото.

Како да си направите чаши од пивски шишиња?

5. Сега земете шмиргла и убаво измазнете го работ за да ја направите чашата така да може од неа да се пие. Покрај од горе, шмирглајте и од внатре.

Како да си направите чаши од пивски шишиња?

Овој туторијал можете да го примените за да правите чаши од разни шишиња, а може да се примени и за правење вазни. Можеби првиот обид нема да ви биде најдобар, но колку повеќе шишиња ќе прилагодите, толку подобри ќе стануваат вашите чаши.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар